Општина Охрид доби два проекти во вредност од 150 000 евра

Општина Охрид преку ТЛЕР доби два проекти чија вкупна вредност е сто и педесет илјади евра. Досега општината има добиено 29 проекти, а во тек е одобрувањето на уште четири.

 |  Јаковлева Лионела  | 
тоалети

 

Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија.  Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности вклучуваат и студии за одредени области за прекугранична соработка (Лерин-Охрид-Солун).

Ние со негова реализација започнавме пред нецел месец и сеуште ги правиме оние базични подготовки, кадровско екипирање итн……во наредниот период ќе започнеме и со имплементација на самите активности, рече раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

Како резултати од проектот се очекуваат најмалку 2000 посетители годишно на веб страницата на проектот, најмалку 8000 лица да бидат информирани за реализација на проекот, најмалку 2000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг, 100 индивидуални и општествени претпријатија да ги зајакнат нивните капацитети во прекуграничната област Лерин – Охрид -Солун, 100 постоечки претпријатија да научат како да ги избегнуваат проблемите во работењето , подигнување на свеста кај владините институции, како и преземање на национални и локални иницијативи за поддршка на целните групи на проектот.
Вториот проект е за подобрување на туризмот за постари лица, во мали и средни езерски градови во Европа- LAK-tive Tourism кој е добиен со аплицирањето за програмата COSME 2015. Вкупен износ на проектот е 356.499,00 евра од кои грант износот е 233.000,00 евра. Корисници на проектот се 9 градови од пет земји – Италија, Словенија, Македонија, Шпанија и Ирска . Од Македонија партнери се Општина Охрид и ТА „ Виспој“ со вкупен буџет од 41.131,00 евро, од кои 30.000,00 евра се грант средства. Лидер партнер на проектот, кој ќе трае 15 месеци е општина Исео од Италија. Цел на LAK-tive туризам проектот е создавање на специфичен туристички производ фокусиран на постари целни групи (лица над 55 години) кои патуваат во текот на ниска и средна туристичка сезона во мали градови, кои се лоцирани покрај езера.

Инаку, во изминатите три години и три месеци, Секторот за туризам и локален економски развој аплицирал и добил финансиска поддршка за 29 проекти во вредност од 1.091.500,00 евра, а во тек е одобрувањето на уште четири проекти во износ од 679.000,000 евра.

“Сметам дека ова е една маркантна бројка и сума, која за период од три години се внесе како грантовски средства во општинава, преку ТЛЕР. Некој проект е со поголема сума некој со помала, но сите се значајни и се од јавен интерес“ вели Апостолов.

Раководителот на ТЛЕР е задоволен што во секторот се формирал тим кој веќе е навлезен во квалитетната изработка на проекти, па се надева во наредниот период  поголем број од оние со кои е аплицирано да бидат одобрени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top