СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво

Стрелачкиот клуб Охрид  организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво. Тој е традиционален и е посветен на големиот празник Илинден. На денешниот турнир учество зедоа  клубови од Прилеп, Скопје и Велес како и клубови од Врање и Благоевград. Не дојдоа само преставници од македонската стрелачка федерација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

По повод престојните илинденски празници стрелачкиот клуб Охрид го организира меѓународниот турнир во спортско стрелаштво. Бидејќи во последно време малокалибарската програма е сосема укината и нема стрелци со пиштол поради немањето оружје, турнирот се сведе само на гаѓање со воздушна пушка. Тина Гоџо, долгогодишен тренер во стрелачкиот клуб „Охрид“ вели дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат љубителите на овој спорт тој продолжува да опстојува.

Спортот е многу скап, а помош немаме од никаде . Но ме радува фактот што што имам триесетина млади деца кои ги тренирам  и кои скоро цело лето доаѓаат да вежбаат за наредните натпревари, вели Гоџо.

Овој денешен турнир е организиран како пријателска средба и е надвор  од организацијата на Македонската стрелачка федерација. Покрај гостите на денешната средба биле поканети преставници од федерацијата, но не дошле.

Во таа насока вопшто не сме задоволни. Соработката со федерацијат не е на завидно ниво. Еве и на нашата преставничка Нина Балабан која е олимписки кандидат не и беше дозволено да отпатува на олимпијада со мене како тренер туку замина со трето лице кое не го заслужува тоа. Но се надевам дека во овие млади надежни деца се крие уште некој иден олимпиец па ќе им докажеме колку клубот во Охрид вреди, вели Гоџо.

На денешниот турнир учество зедоа  клубови од Прилеп, Скопје и Велес како и клубови од Врање и Благоевград.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top