Туристичка сезона за паметење, велат од ТЛЕР

Охрид деновиве го доживува шпицот на сезоната. Викендов што помина кој за многумина е продолжен поради утрешниот празник и овој што доаѓа, според сите проценки ќе бидат најпосетените викенди ова лето. Од ТЛЕР велат дека досегашните бројки наведуваат на тоа дека Охрид ќе ја има можеби најдобрата туристичка сезона досега.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Туристичка сезона за паметење. Од Локалната велат дека овие најави кои беа дадени пред почетокот на сезонава почнуваат да се остваруваат. Според податоците со кои располагаат, заклучно со месец мај, бројот на странски и домашни гости е во значителен пораст во споредба со минатите години. Во месец мај во градов престојувале 9.614 домашни гости, странски гости имало 18.456. Домашните гости оствариле 19.422 ноќевања, а странските 35.634. Овие бројки споредени со оние од месец мај минатата година покажуваат дека бројот на домашни гости се зголемил за 15%, а на странските дури за 30%. Во месец јуни од туристичка такса вкупно биле наплатени и од хотелите и од приватните станоиздавачи 2.213.552ден, а минатата година истиот месец биле наплатени 1.810.256 ден. И ова е уште еден показател дека сезонава која е во тек е подобра од минатогодишната. Според туризмолозите месец август се очекува да ги надмине и очекувањата.

Во месец август ние ќе имаме еден забележителен процентуален скок. Она што може да се види од нашите графикони е постојаниот пораст  кој од година во година се зголемува за 10 до 15%. Радува фактот што се зголемува не само бројот на посетители туку и на ноќевања, вели раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.

Зголемувањето на бројот на странски гости во голема мера се должи на воведувањето на летовите со нискобуџетните авио превозници. Според податоците со кои располагаат од ТЛЕР со летот од Лутон за Охрид кој се реализира двапати неделно пристигнуваат по 170 патници со еден лет, со новата линија Тел Авив- Охрид пристигнуваат по 150 патници со лет, со линијата Брисел- Охрид по 150 до 170 патници со лет. Голем процент од гостите кои досега го посетиле Охрид се англичани кои се пак топ потрошувачи, вели Апостплов. Но, Локланата оваа година доста работела и на придобивање на домашните гости што според раководителот на ТЛЕР вродило со плод.

Кај домашните гости после осумгодишен пад  и негативен тренд веќе се чуствува пораст. Бројот значително се зголемува и тоа не само на гости кои доаѓаат на еден до два дена во градов туку и на оние кои се одлучиле годишниот одмор да го поминат тука, вели Апостолов.

Од ТЛЕР најавуваат дека целосните статистички резултати и бројки за јуни, јули и август ќе бидат обработени во септември, па тогаш и дефинитивно ќе излезат со став каква сезона сме имале и што ќе се прави за наредната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top