Автор: инфодеск

Прошетка крај Охридското езеро

Post Views: 10 Прошетката покрај брегот на нашето убаво Охридско езеро, охриѓанката Елена Шешова ја искористила да направи неколку фотографии кои ги испрати до рубриката „Ти си твојот град“.  ОХРИДСКО ЕЗЕРО-УБАВИНА КОЈА НЕ СЕ ОПИШУВА СО ЗБОРОВИ Убавината на нашето езеро кое важи за најстаро природно езеро во Европа, не се опишува со зборови, тоа само се доживува. Затоа сите кои имате можност да го посетите, уживајте во секој поминат миг покрај него. Да потсетиме, сите вие кои испраќате слики до рубриката „Ти си твојот град“, станувате добитници на вредносен...

Continue reading

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 6 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица....

Continue reading

Се намалува наталитетот во струшко

Post Views: 7 Се намалува бројот на новороденчиња во струшко. Споредбено со пред десетина години, наталитетот бележи пад од 20-тина проценти. Во 2020 година на струшкото гинеколошко одделение имало 680 породувања, но во 2021-580, односно точно сто новороденчиња помалку. И покрај намалениот наталитет на одделението има зголемен обем на работа, бидејќи поради недостиг на гинеколози во Дебар, 90% од родилките од дебарско се породуваат во Струга, каде има седум специјалисти по гинекологија. Досега годинава имаме 71 раѓање, како што може да се види и ние како во Цела Македонија имаме пад...

Continue reading

Нови воздушни напади на Мариупол

Post Views: 6 Воздушните напади врз Мариупол продолжуваат и понатаму, соопштија градските власти. Хуманитарниот конвој се обидувал да стигне до градот, но поради бомбардирањето морал да се врати назад. Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загинаа три лица, меѓу нив и едно дете, велат украинските власти. Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти. Како и секогаш, тие лажат самоуверено – рече тој. Хуманитарните агенции велат дека најитно...

Continue reading

Контроли врз автобуси за јавен превоз

Post Views: 5 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Post Views: 4 Нови санкции против руските лидери и олигарси. На состанокот биле одобриле санкциите, а договорено е тие официјално да бидат усвоени на самитот на Европската Унија во четврток и петок во Версај. Француското претседателство со Европската Унија објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите. Од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.

Continue reading

градежен шут мини депонија

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Post Views: 1 Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора....

Continue reading

Тепачка помеѓу охриѓанки на ул. „Железничка“

Post Views: 1 На 14.03.2022 година околу 09.30 часот пред деловен објект лоциран на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, при што Е.В.(34) физички ја нападнала И.Н.(31), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Во Охрид денес сончево време

Post Views: 21 Во Охрид денес по студеното утро, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со измерени максимални 10. Во текот на ноќта вторник кон среда умерено облачно и потопло време со пораст на ноќните температури. Во Охрид во среда умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за сосема слаб и локален дожд. Минималната температура од 1 односно -2 степени, додека пак дневната до 10 односно...

Continue reading

Предлог одлука за Белчишко блато

Post Views: 22 Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата. Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Continue reading

Јокиќ го потпишува најголемиот договор

Post Views: 19 Србинот Никола Јокиќ од Денвер ќе добие нов договор од кој застанува здивот. Од следната сезона, Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона. Новиот договор го најави Мишо Ражнатовиќ кој е агент на Јокиќ. Според нашите очекувања, тој договор треба да биде потпишан ова лето, а тоа е продолжување со максимален износ, што очигледно го заслужи – изјави Ражнатовиќ. Јокиќ со евентуален ваков догвор ќе го надмине Јанис Адетокумбо, кој е најплатен со 228.200.000 долари.

Continue reading

Комодита донираше душеци и перници

Post Views: 50 Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија. Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите. На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top