Автор: инфодеск

Заврши црната серија за Германците во средбите со Италија

Post Views: 1 Сѐ што беше интересно на синоќешниот натпревар се случи помеѓу 65 и 80 минута кога паднаа двата гола. Германската репрезентација поведе во 65 минута со голот на Месут Озил, а славењето на голот не траеше долго. Азурите израмнија во 78 минута со голот на Леонардо Бонучи од пенал, кој го направи Џером Боатенг играјќи со рака во шеснаесетникот. За жал тоа беше сѐ. Во продолженијата ниту една од екипата не сакаше да ризикува па прашањето на победникот се решаваше со изведување на пенали. На крајот повеќе среќа имаа Германците во кој серијата пенали ја завршија во нивна корист...

Continue reading

Играч кој нема клуб ја надмудри една од најскапите репрезентации

Post Views: 7 Велс сензационално ја елиминира Белгија со 3-1 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Тоа е прв пат по 1992 година дебитант на Еуро да влезе помеѓу четирите најдобри репрезентации, каде ги чека Португалија. “Не треба да се плашиме од своите сништа. Пред четири години бев многу далеку од сето ова, подалеку од што можете да замислите. Имав повеќе неуспеси од успеси, но не се плашев од неуспеси. Ова го заслуживме”, славенички изјави селекторот Крис Колман. Извонреден гол за водство на Велс постигна Хал Робсон Кану, играч кој моментално нема клуб, а со постигнување...

Continue reading

Го купија за 25 топки, а го продадоа за 35 милиони евра

Post Views: 3 Колку е важно, односно пресудно, во клубот да се има врвен скаут сведочи денес примерот на 18 годишниот Ренато Санчез, новата ѕвезда на фудбалското небо. Имено, последните денови често во јавноста можеше да се чуе дека Баерн направил извонредна работа кога во мај потпиша петгодишен договор со Санчез, меѓутоа малку кој истакна колку тука профитирала Бенфика. Скаутите на тој португалски клуб во Санчез препознале талент кога имал само девет години и од локалниот клуб Агиас да Мискуере на Луж го довеле за само 750 евра и 25 фудбалски топки. Девет години подоцна Санчез е...

Continue reading

Голем автогол на Уефа поради последната одлука

Post Views: 4 Турција е бесна, а разочараност владее и многу пошироко. Уефа го одбила предлогот пред вечеаршниот натпревар помеѓу Полска и Португалија да се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад во Истанбул со една минута молчење. Спрема последните податоци, во нападот на бобашите самоубијци се убиени 41 лице од кои 13 биле од други националности, а стотина се ранети. Но, Уефа смета дека тоа не е причина за минута молк пред натпреварот во првото четвртфинале. Објаснувањето зошто е одбиен овој предлог е повеќе од бизарно. “Уефа  ваква почит оддава кога настанот е поврзан...

Continue reading

Кои се воопшто “разбојниците” од Исланд чиј помошник селектор е стоматолог

Post Views: 2 Борбената екипа од островот Исланд е направена од анонимни фудбалери кои заедно вредат 40 милиони евра или една нога од ѕвездата на Франција Пол Погба и во Франција не знае за пораз во четири натпревари, а победата над Англија спаѓа во најголемите сензации на европските првенства. Размазените англиски милионери и светски селебрити, кои по сломот во Ница веќе се упатија кон СенТропе, Бахамите и Ибица, ги разбија типови кои по Европското првенство во Исланд ќе помагаат на семејните фарми (Бјарнасон), ќе одработуваат смена на бензиска пумпа (Хјартарсон) или ќе се посветат...

Continue reading

“Англија два пати во една седмица испаѓа од Европа”

Post Views: 8 Откако Исланд ја приреди можеби најголемата сензација во историјата на европските првенства, елиминирајќи ја Англија во осминафиналето со резултат од 2-1, англиските медиуми беа немилосрдни спрема селекторот и играчите. Тоа беше бледо издание на гордиот албион во кој повторно видовме Хари Кејн да изведува слободни удари, Џек Вилшер, кој во сезоната одигра само неколку натпревари, додека Рахим Стерлинг започнува од првата минута. Беше за очекување дека британските медиуми и таблоиди ќе ги распнат играчите и селекторот.  “Екипата на Хоџсон е понижена во срамотното издание...

Continue reading

Чиле е победник на Копа Америка, Меси објави повлекување

Post Views: 5 Победник на јубилејната Копа Америка е репрезентацијата на Чиле која во финалето на пенали со 4-2 ја совлада Аргентина За време на 120 минути Аргентинците беа подобри, но некои исклучително добри прилики не беа претворени во погодок. Најдобрата во 20 минута ја имаше напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин кога се најде еден на еден со голманот на барселона Клаудио Браво, но овој промаши цел гол. Откако иницијативата не беше претворена во гол за трофеј, одлуката за победникот падна со удари од белата точка. Во првата серија промашија и едните и другите – Меси и Видал – но...

Continue reading

Заврши првата фаза на Еуро2016

Post Views: 6 Со натпреварите во групите Е и Ф завршен е првиот дел на Европското првенство во фудбал во Франција и познати се сите парови на првата нокаут рунда. По натпреварувањето во групи сега на ред се натпреварите во нокаут фазата со осминафиналиња која започнуваат во сабота. Во осминафиналните натпревари ќе се сретнат следните репрезентации: 25.06.2016 – Швајцарија – Полска (15.00), Велс – Северна Ирска (18.00) и Хрватска – Португалија (21.00) 26.06.2016 – Франција – Ирска (15.00), Германија – Словачка (18.00) и Унгарија – Белгија (21.00) 27.06.2016 – Италија – Шпанија (18.00)...

Continue reading

Полицијата сепак интервенирала на трибините со хрватски навивачи

Post Views: 3 Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија на Еуро2016 постоеа одредени стравувања дека одредени хулигани на хрватските навивачи ќе ги повторат инцидентите од натпреварот со Чешка. Многу хрватски, но и портали од Европа пишуваа дека на средбата со Шпанија хрватските хулигани ќе се обидат да го прекинат натпреварот, па дури и дека ќе упаднат на теренот за да го нападнат судијата, меѓутоа за среќа ништо од тоа не се случи. Француската полиција овој пат сериозно ги сфати предупредувањата на хрватските колеги и беше далеку поспремна за можните проблеми. Претресите на влезот...

Continue reading

Познати се сите полуфиналисти на Копа Америка

Post Views: 5 Фудбалерите на Аргентина и Чиле се полуфиналисти на Копа Америка и се придружија на САД и Колумбија кои тоа го направија претходно. Аргентинците славеа со 4-1 против Венецуела, додека Чиле го изрешета голот на Мексико и победи со 7-0. Стрелци за Аргентина беа Игуаин (8,28), Меси (60) и Ламела (71), додека единствениот гол за Венецуела го постигна Рондон (70). Меси со својот погодок го изедначи рекордот на легендарниот Габриел Батистута кој во репрезентативниот дрес постигна 54 гола. Само уште еден гол му недостасува на Меси да биде најдобар стрелец на Аргентина во историјата. Во...

Continue reading

Шокантни тврдења на поранешниот претседател на ФИФА

Post Views: 5 Човекот, кој е протеран од фудбалот поради корупција и е сменет од местото претседател на ФИФА, излезе со шокантни изјави и обвинанија на сметка на УЕФА. Сеп Блатер за аргентинскиот весник La Nacion изјави дека бил присутен на ждрепка или ждрепки кои биле наместени. Тој тврди дека такво нешто никогаш немало во ФИФА туку само во УЕФА, но не прецизира дали се работи за групи на ЕУРО, квалификации или пак Лига на шампиони. Аргентинскиот новинар до вакви изјави и обвиненија дошол со прашањето дали Аргентина имала наместена ждрепка на Светското првенство во Бразил кога во...

Continue reading

Скандалозна разделба на Бразил со Копа Америка

Post Views: 5 На скандалозен начин, по втор пат во својата историја, Бразил е елиминиран во групната фаза на натпреварувањето на Копа Америка. Перу во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза по прв пат во 30 години славеше против Бразил со минимални 1-0, но голот на Раул Руидиаз е постигнат со рака. Се играше 75 минута од средбата и Перуанците комбинираа на десната страна. Енди Поло се проби во шеснаесетникот, центрираше полувисока топка, а Руидиаз со рака ја смести во голот. Ова сите го видоа освен судијата. Раката не беше ниту блиску до телото во моментот кога топката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top