Заврши црната серија за Германците во средбите со Италија

Актуелните светски прваци круна на Еуро чекаат веќе 20 години

 |  инфодеск  | 

Сѐ што беше интересно на синоќешниот натпревар се случи помеѓу 65 и 80 минута кога паднаа двата гола. Германската репрезентација поведе во 65 минута со голот на Месут Озил, а славењето на голот не траеше долго. Азурите израмнија во 78 минута со голот на Леонардо Бонучи од пенал, кој го направи Џером Боатенг играјќи со рака во шеснаесетникот. За жал тоа беше сѐ.

Во продолженијата ниту една од екипата не сакаше да ризикува па прашањето на победникот се решаваше со изведување на пенали. На крајот повеќе среќа имаа Германците во кој серијата пенали ја завршија во нивна корист со 6-5. Германците можеа тоа да го сторат и порано, но Швајнштајгер во петтата серија кога имаше меч топка го промаши голот.

За Германија погодија Тони Крос, Јулијан Дракслер, Матс Хумелс, Џошуа Кимик, Џером Боатенг и Јонас Хектор, а за Италија Лоренцо Инсигње, Андреа Барзаљи, Емануеле Џакерини, Марко Пароло и Матија Де Шиљо. Кај Италијаните Симоне Заза го промаши голот, Грацијано Пеле стрелаше покрај стативата, додека Мануел Ноер ги одбрани ударите на Бонучи и Дармиан. Џанлуиџи Буфон му одбрани на Милер, Озил ја погоди стативата, а Швајнштајгер го промаши голот.

Со победата против Италија, Германија избори деветто финале во историјата на Еуро, што е најуверливо од сите репрезентации. Во досегашните полуфиналиња шест пати стигнале до финале, а три пати и до насловот европски првак. Меѓутоа, актуелниот светски првак на европска круна чека веќе 20 години, од победата над Чешка во 1996 година во Англија. Германскиот состав славеше и на ЕП во 1980 и 1972 година.

Германците со овој успех ја прекинаа црната серија во дуелите со Италија на големи натпреварувања каде имаа осум средби на кои билансот им беше 4 порази и 4 нерешени.

Германија во полуфинале ќе игра со подобриот од средбата Франција – Исланд кој е на распоредот денес на Стад де Франс. Полуфиналната средба е на распоред на 7 јули во Марсеј, а второто полуфинале помеѓу Португалија и Велс во Лион на 6 јули.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top