Автор: инфодеск

Косово и Гибралтар се нови членки на ФИФА

Post Views: 3 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на конгресот во Мексико Сити ги прими Косово и Гибралтар како свои нови членки. Делегатите на конгресот во мексиканската престолнина со 141 глас за и 23 гласа против го примија Косово како 210 членка на ФИФА. На почетокот на мај тоа го направи и УЕФА што беше и услов ФИФА да го прими Косово како членка. “Косово се соочува со предизвици, тоа е очигледно. Потребни се нови инвестиции. Има многу финансиски предизвици и организацискиот капацитет е ограничен. Но, и покрај тоа, таму има очигледна љубов и страст кон фудбалот и голем...

Continue reading

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Post Views: 3 Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев. Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале во...

Continue reading

Судот со одлука за конечен крај на Мишел Платини

Post Views: 1 Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација. Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка пред...

Continue reading

Ливерпул ја спаси честа на остатокот на Европа

Post Views: 5 По синоќешните реванш натпревари во Лига Европа финале изборија Ливерпул и Севиља, додека во финалето на Лигата на шампиони ќе играат мадридските клубови Реал и Атлетико. Досега пет пати се има случено во финалињата да има по три клуба од иста земја. Последен пат три финалисти имаа Шпанците во 2014 година кога во финалето на Лигата на шампиони играа Реал и Атлетико, а во финалето на Лига Европа се сретнаа Севиља и Бенфика. На крајот славеа Реал и Севиља. Во сезоната 1997/98 три претставници во финалињата имаа Италијаните. Во финалето на ЛШ играа Реал Мадрид и Јувентус,...

Continue reading

Повторно мадридско финале во Лигата на шампиони

Post Views: 3 Вториот финалист на Лигата на шампиони е Реал Мадрид кој со 1-0 во реваншот го победи Манчестер Сити. Кралскиот клуб на 28 мај во Милано ќе игра против градскиот ривал Атлетико кој го елиминира пак Баерн од Минхен. Кралскиот клуб заслужено дојде до финалето бидејќи во текот на сите 90 минути доминираше против анемичниот Манчестер Сити, кој може да биде задоволен што од Бернабеу замина само со еден примен гол. Шпанскиот состав, особено во вториот дел, пропушти неколку фантастични прилики и би било сосем незаслужено ако англискиот тим во завршницата постигнеше гол и продолжеше...

Continue reading

Атлетико Мадрид на 28 мај ќе ја лови својата прва европска круна

Post Views: 4 Атлетико Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампиони. Шпанскиот клуб на Алианц арената загуби со 2-1, но до големото финале стигна благодарение на првиот натпревар кој го доби со 1-0. “Горд сум на својата екипа. Игравме многу добро, како и второто полуврее во Мадрид. Игравме добро против Јувентус, Бенфика и Атлетико и поради тоа можам мирно да спијам. Пробавме сѐ да дојдеме до финалето. Дадов сѐ од себе во овие три години и се надевам дека Карло ќе успее. Ми е жал за играчите бидејќи заслужија финале, но исто така го заслужија и играчите на Атлетико”, изјави тренерот...

Continue reading

Сензационални прваци на Англија

Post Views: 4 Прв пат во својата 132 годишна традиција Лестер Сити стана првак на Англија откако Тотенхем не успеа да слави кај Челзи во последниот натпревар од 36 коло на Премиер лигата. Лисиците ја завршија една од најубавите фудбалски бајки кои некогаш се испишани, бидејќи од кандидат за опстанок во лигата пред сезоната ги надминаа сите очекувања и го шокираа светот. Лестер Сити е основан во 1884 година и никогаш во својата историја не освоил голем трофеј. Најголемиот успех е отстварен во далечната 1929 година кога биле втори на крајот во првенството. Најголемиот успех во куп натпреварувањата...

Continue reading

Прв пат прволигаши по 93 години постоење

Post Views: 2 Фудбалерите на второлигашот Кротоне во петокот и теоретски обезбедија настап во Серија А следната сезона по 93 годишно постоење на клубот. Кротоне кое го води Хрватот Иван Јуриќ благодарение на нерешениот резултат кај Модена од 1-1 од 39 коло на Серија Б го обезбедија пласмананот во Серија А на три кола пред крајот. “Навистина е убаво ова што го доживувам и што го прославуваме сите овде во Кротоне. Сега може да се зборува за вистинска еуфорија, целиот град и регион дише заедно со нас”, изјавил Анте Будимир еден од најдобрите играчи на Кротоне. Водечкиот состав на италијанската...

Continue reading

“Вечниот губитник” на прагот од освојување на својот прв трофеј во кариерата

Post Views: 7 Тренерот на Лестер Сити, Клаудио Раниери, ќе заработи бонус од пет милиони фунти ако неговата екипа го освои англиското првенство, пишува британски Times. Италијанецот Раниери, исто така, има посебна клаузула во договорот која му гарантира по 100.000 фунти за секоја позиција која екипата ќе ја завземе над 18-то место на табелата, што му носи додатни 1,7 милиони фунти ако Лисиците завршат на првото место, односно ако освојат три бода во последните три кола на Премиер лигата. Кога Раниери ја превзеде клупата на Лестер на крајот од минатата сезона, задачата му беше да опстане...

Continue reading

Најбогатиот Кинез спрема сензација

Post Views: 6 Најбогатиот Кинез Jack Ma планира да ги откупи акциите на италијанскиот џин Милан со понуда од 700 милиони долари, пишуваат италијанските и англиските медиуми. Ма сака да влезе на голема врата на европскиот фудбалски пазар така што ќе го разубеди Силвио Берлускони да му го продаде омиленото чедо. Со ова најверојатно би завршила резултатската агонија на Милан и би се отворила нова триумфална ера на големиот Милан. Ма е екстремно богат, неговото богатство се проценува на околу 25 милијарди долари. Тој е основач на една од најголемите светски компании Алибаба и е косопственик...

Continue reading

Бројки кои откриваат за какви “војници” се работи

Post Views: 9 Атлетико во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампиони го победи Баерн Минхен со 1-0 на својот Винсенте Калдерон. Тоа беше 33 натпревар од вкупно 52 оваа сезона во која екипата на Диего Симеоне не прими гол. Воедно, дали ова некој го сака или не, не може да се демантира дека тие имаат идентитет кој ги краси во секој натпревар. Од моментот кога Симеоне седна на клупата на Атлетико, неговата екипа од 256 натпревари во 135 ја сочувале мрежата недопрена. Најинтересно е тоа што под негово водство Атлетико во Лигата на шампиони никогаш не примил погодок во првите...

Continue reading

Нико Розберг триумфираше во Кина

Post Views: 7 Германецот Нико Розберг во Мерцедес, кој стартуваше од пол-позицијата е победник на Големата награда на Кина која се возеше утрово во Шангај. Тој триумфираше пред сонародникот Себастијан Фетел во Ферари и Русинот Даниел Квајт во Ред Бул. На Розберг ова му е 17 победа во Формула1 и шеста во низа од крајот на 2015 година, а воедно трета во оваа сезона од исто толку трки. Вицепрвакот трката ја заврши со 37 секунди пред второпласираниот Фетел. Сега Розберг во генералниот пласман има 36 бодови повеќе пред клупскиот колега Британецот Луис Хамилтон кој трката ја заврши како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top