Ливерпул ја спаси честа на остатокот на Европа

Шести пат во историјата во финалињата ќе играат три клуба од иста земја

 |  инфодеск  | 

По синоќешните реванш натпревари во Лига Европа финале изборија Ливерпул и Севиља, додека во финалето на Лигата на шампиони ќе играат мадридските клубови Реал и Атлетико.

Досега пет пати се има случено во финалињата да има по три клуба од иста земја. Последен пат три финалисти имаа Шпанците во 2014 година кога во финалето на Лигата на шампиони играа Реал и Атлетико, а во финалето на Лига Европа се сретнаа Севиља и Бенфика. На крајот славеа Реал и Севиља.

Во сезоната 1997/98 три претставници во финалињата имаа Италијаните. Во финалето на ЛШ играа Реал Мадрид и Јувентус, а во купот на Уефа Интер и Лацио, а трофеите ги земаа Реал и Интер.

Две години претходно во финалето на ЛШ силите ги одмерија Ајакс и Милан, а во купот на Уефа Парма и Јувентус. Славеа Ајакс и Парма.

Италија имаше три претставници и во 1990 година. Во купот на Шампиони играа Милан и Бенфика, а во купот на Уефа Јувентус и Фиорентина. Милан победи со 1-0, а Јувентус беше подобар во два натпревари со Фиорентина 3-1 и 0-0.

Прв пат три клуба од иста земја во финалињата играа во 1980 година. Во купот на прваци Нотингем Форест беше подобар од Хамбургер, а во купот на Уефа Ајнтрахт од Франкфурт беше подобар од Борусија Менхенгладбах.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top