Автор: Јаковлева Лионела

taksi

Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов

Post Views: 6 Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав. Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради поплаки...

Continue reading

turisti

Успешна туристичка сезона

Post Views: 0 Успешна туристичка сезона, од ТЛЕР вака ја оценуваат сезоната која е на изминување. Од таму велат дека статистичките податоци и податоците од општинскиот инспекторат кои се однесуваат на наплатата на туристичката такса го потврдуваат тоа. Наплатата на туристичката такса заклучно со месец јуни е зголемена за 29%. Бројот на домашни ноќевања на домашни гости во месец јуни е намален за 2,6%, но затоа пак бројот на ноќевања на странски гости во истиот месец е зголемен за 23,3%. Или вкупно бројот на ноќевања во месец јуни е зголемен за 13,3%. Ѓоко Апостолов, раководителот...

Continue reading

ohridska sofra

Охридска софра во Скребатно

Post Views: 7   Охридска софра во Скребатно. Утре со почеток во 9 часот во ова познато излетничко место ќе се подготвуваат познатите охридски специјалитети кои ќе може и да се дегустираат. Манифестацијата е организирана од Локалната самоуправа, а преставува симбиоза на повеќе манифестации. Во неa влегува и познатата охридска Ѓомлезијада. Целта на оваа манифестација е да се види начинот на подготвување на нашите охридски специјалитети кои може да се пробаат по рестораните и хотелите, рече Ѓоко Апостоловски-раководителот на ТЛЕР. Оваа манифестација е дел и од програмата на Министерството...

Continue reading

dalekuvod

Жителите на улицата Вардар живеат во мрак

Post Views: 1 Жителите на улицата Вардар во населбата Кошишта кај црквата св Архангел Михаил, живеат во мрак. Освен слабото светло од светилката поставена на една бандера во оваа улица години наназад нема никакво осветлување. Мештаните велат дека навечер не се гледа прст пред око па се плашат да одат на продавница или  да излезат за да си завршат некоја друга обврска. Посебно е проблем во периодот кога децата одат на училиште па не можат да си се вратат дома бидејќи е тотален мрак па нивните родители се приморани да ги пречекуваат. Темнината им одговара само на крадците кои ја искористиле...

Continue reading

локална

Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства

Post Views: 7 Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства. Само во текот на оваа година се случија четири пожари на семејни куќи во градов. Последниот случај беше пред пет дена кога изгоре домот на шестчленото семејство Рустем. Преставници од локалната го посетиле ова семејство, а денес со нив се видел и портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски кој им ја објаснил постапката која треба да ја запазат за да можат да добијат помош од локалната. Уште претходниот совет на Општина Охрид донесе одлука да им се помага на семејствата кои се затекнати од некои елементарни...

Continue reading

вода

Охриѓани пијат квалитетна вода

Post Views: 5 Водата од градскиот водовод е со добар квалитет, велат од Центарот за јавно здравје. Екипите постојано земаат мостри и вршат нивно испитување се со цел граѓаните навремено да се заштитат доколку има некои отстапување во квалитетот на течноста без која не може да се живее. Бромологот Сашо Точко вели дека сеуште проблем преставува водата од селските водоводи бидејќи испитувањата покажуваат постојано отстапување во нејзиниот квалитет. Состојбата е таква кај 90% од мострите земени од селските средини во Охрид, Струга и Дебар. Под итно мора да се започне со употреба на ...

Continue reading

пожар

Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта

Post Views: 0 Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта. Во неа живееше шест члено семејство кое буквално е на работ на егзистенција. Единствен приход е дневницата на таткото Рамиз кој работи како молер. Во пожарот тие изгубија се што имаа од покуќнина. Се ни изгоре. И покуќнината, телевизор, спалната. Се. Ништо не ни остана, вели мајката Дитурие Рустем. Рамиз Рустем со солзи во очите вели дека куќата која изгоре ја наследил од татко му. Во неа вложил се што имал за да направи дом за своето семејство, а пламените јазици за час ја проголтале. Сега се буквално под ведро небо. Немаме...

Continue reading

велестово

Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово

Post Views: 4   25 години поетска ноќ во Велестово. Ова јубилејно издание кое стартува од утревечер оваа година и финансиски и логистички е подржано од Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески. Особена чест е да се зборува за поетската ноќ во Велестово. Ова е најзначајна културна манифестација која се одржува во Охрид, а е под покровителство на општината, рече Зоран Велјановски-Летра-преставник на Општина Охрид Поетската ноќ во Велестово е манифестација која се разликува од другите манифестации од ваков карактер пред се поради тоа што изминатите години секоја ноќ беше посветена...

Continue reading

cresi

Охридската цреша долгошишка се враќа на пазарот

Post Views: 0  Црешата на голема врата се враќа во Охрид. Ова специфично овошје кое беше обележје на охридскиот регион речиси исчезна но од пред две години овоштарите со финансиска стимулација од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство повторно почнаа да создаваат црешови насади. Еден од нив е и Ванчо Стојаноски од село Оровник кој пред две години засадил 6000 стебла со цреша. Застапени се четири сорти па Стојаноски вели дека догодина кога веќе ќе се стасани за богат род бербата ќе трае околу 20тина дена. Тој објаснува дека црешата е четири до пет пати поисплатлива...

Continue reading

komarec

Комарците непаѓаат

Post Views: 6   Граѓаните на Охрид и гостите се жалат дека не можат мирно да спијат поради досадните комарци. Се поголем е бројот на оние кои се со убоди од овие инсекти. Од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека во текот на минатиот месец се направила првата дезинсекција и тоа во леглата на комарците. Направена е и ларвицидна дезинсекција со средство кое ги уништува ларвите на овие инсекти и тоа во местата каде тие најчесто се размножуваат, а тоа се мочуриштата и барите. Од понеделник ќе се започне со втората фаза на прскање против комарците, а во текот на овој месец ќе...

Continue reading

kukarki

Почна монтирањето на унифицираните куќички

Post Views: 8 Започна монтирањето на  унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. Во овие времени објекти ќе се продаваат сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и промотивен материјал на Охрид. „Куќарките ќе се постават на три локации. Една на градскиот плоштад, една на плоштадот Крушевска република а за третата допрва Секторот за урбанизам ќе одлучи на која локација ќе биде ставена„, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправа Од Секторот за локален економски развој велат дека материјалите и сувенирите...

Continue reading

пожар

Станарите од опожарената зграда на булеварот „Туристичка“ добија електрична енерија

Post Views: 2   На станарите од опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ конечно им светна. Тие вчера напладне добија електрична енерија. Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата од електричната инсталација станарите останаа без струја речиси една недела. Откога Градоначалникот Никола Бакрачески пред шест дена најави дека Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, работите тргнаа на подобро, велат станарите. Во акцијата за помош се вклучија и советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид. „По објавата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top