Охридска софра во Скребатно

Манифестацијата Охридска софра ќе биде рај за очи но и за уста, велат организаторите. Утре во излетничкото место Скребатно сите заинтересирани ќе можат да си ги одмерат своите кулинарски способности. Планирано е оваа манифестација да прерасне во туристичка атракција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohridska sofra
охридска софра

 

Охридска софра во Скребатно. Утре со почеток во 9 часот во ова познато излетничко место ќе се подготвуваат познатите охридски специјалитети кои ќе може и да се дегустираат. Манифестацијата е организирана од Локалната самоуправа, а преставува симбиоза на повеќе манифестации. Во неa влегува и познатата охридска Ѓомлезијада.

Целта на оваа манифестација е да се види начинот на подготвување на нашите охридски специјалитети кои може да се пробаат по рестораните и хотелите, рече Ѓоко Апостоловски-раководителот на ТЛЕР.охридска софра

Оваа манифестација е дел и од програмата на Министерството за култура наречена Tопол културен бран. На Oхридска софра пријавени се 20тина натпреварувачи кои ќе ги одмерат своите кулинарски способности и тоа од 9 до 11: 30 часот. После тоа стручното жири ќе врши дегустација и ќе додели три парични награди.

На манифестацијата ќе земат учество и студентите наФТУ при отсекот гастрономија кои ќе приготвуваа познати охридски специјалитети. Тие ќе имаат можност во пракса да го покажат она што го научиле. Оваа година на Охридска софра ќе има и богата музичка програма. Ќе свират етно составот Љубојна како и  охридските групи Билјана јуниор и Зарина. Раководителот на ТЛЕР изрази благодарност до сите помагатели и рече дека од година во година манифестацијата се повеќе ќе расте и ќе биде голема атракција за гостите. Таа традиционално секоја година ќе се одржува во Скребатно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top