Автор: Јаковлева Лионела

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид

Post Views: 20 Живка Ангелоска од коалицијата предводена од СДСМ, е новиот претседател на совет. Ангелеска беше изгласана за прв човек на советот со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Ангелоска им се заблагодари на сите потенцирајќи дека ќе работи во интерес и на советниците кои и ја дадоа довербата, а и оние кои се воздржаа од гласање. Посака овој состав на совет да има плодна рабопта, а од говорницата да се слуснат многу конструктивни...

Continue reading

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

Post Views: 5 ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица.  Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот Градиште,...

Continue reading

Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината на МОСТ

Post Views: 6 Загадувањето на водата за пиење во Струга главна тема на синоќешната средба која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Стружани изреволтирани од актуелните случувања околу квалитетот на водата побараа проблемот да се издигне на повисоко ниво и да се истакне во парламентот на РМ. Ова не е прв пат водата да е загадена. И летото имавме слична ситуација. Секаде беше кажано и реагирано но никој не превзеде ништо. Нас не не интересира од каде доаѓа проблемот туку бараме под итно да биде решен. Па до кога ќе бидеме труени пиејќи загадена вода, праша Мате Гогоски, од еколошкото...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината

Post Views: 3 ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат...

Continue reading

Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини

Post Views: 3 Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини. Избегнувајќи ја опасноста од Корона вирусот тие масовно почнаа да бараат спас во природата. Но, бегајќи од една опасност можат многу лесно да западнат во друга. Вчера член на група возачи на планински Off-Road мотори доживеа несреќа и се стекна со сериозни повреди на левата натколеница. Била побарана помош од оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид која после 30тина минути Off-Road возење, ја лоцирала групата, а повредениот целосно го имобилизирала и транспортирала до специјалната болница...

Continue reading

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа

Post Views: 14 Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. За да можат граѓаните да се снабдат со основните животни производи, тие вложуваат максимални напори, па вработените во прехрамбената трговија се на своите работни места и за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата оние кои што се самохрани мајки, имаат деца под 10 год. или се хронично болни да се ослободени од работните обврски. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата. Вработените...

Continue reading

Охриѓани го почитуваат полицискиот час

Post Views: 3 Охриѓани го почитуваат полицискиот час. Oграничувањето на движењето на граѓаните во периодот од 21.00 до 06.00 часот кое на сила стапи од синоќа, не го прекршило ниту едно лице. Полициски службеници сношти вршеа мото-патроли на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид, со цел доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Во Охрид е...

Continue reading

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски

Post Views: 1 Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски. Секој кој има некаков здравствен проблем или потреба претходно треба да се јави во ординацијата, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не. Се што можие се врши по телефон освен во итни случаи каде мора да извршиме преглед тогаш пациентот ќе дојде. Оние пациенти кои треба да бидат прегледани задолжително мора да носат заштитна маска, пред да влезат во ординацијата се дезинфицираат, а во чекалната се пуштаат мал број пациенти кои седат на растојание од метар и половина и не смеат да се...

Continue reading

Стоп за говорот на омраза кој се шири преку интернет порталите

Post Views: 4   Ширењето на говор на омраза особено преку интернет порталите, проблем со кој се почесто се соочува нашето општество. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици  на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на говор на омраза. Познавачите на оваа проблематика велат дека ваквата појава треба што поскоро да се спречи, а оние кои го користат овај начин на пренесување информации да бидат санкционирани. Говорот на омраза иако нема посебен закон за негово санкционирање може да се санкционира како дел од кривичниот...

Continue reading

Угостителските објекти во Охрид почитуваат вонредни мерки

Post Views: 1 Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот, препорачани од националната комисија формирана за превенција и заштита од Ковид 19. Пазарната инспекција заедно со полицијата контролира дали се почитуваат препораките. Ние од четвртокот сме постојано на терен деноноќно и цело време ги следиме мерките кои ги носи Владата. Од кога се донесе мерката за целосна забрана за работа на угостителските објекти секојдневно ги контролираме заедно со полицијата, објаснува Цветко Ристески- пазарна инспекција. Од...

Continue reading

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро, засега стабилна

Post Views: 6 Состојбата со нивото на водата во Преспанското езеро, алармантна. Овај воден басен полека, но сигурно ке го снајде судбината на Дојранското езеро доколку Владата под итно не преземе соодветни мерки и не престане неконтролираното искористување на водениот ресурс за наводнување и тоа во трите држави на кои им припаѓа, а тоа се Македонија, Албанија и Грција. За среќа состојбата со Охридското езеро и со нивото на водата засега е стабилна, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Иако оваа зима е релативно сушна и немавме некои пообилни врнежи од дожд...

Continue reading

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад

Post Views: 5 Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум од делот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top