Комарците непаѓаат

 Граѓаните се жалат поради убодите од комарци. Од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека ќе има уште едно прскање.

 |  Јаковлева Лионела  | 
komarec
комарци

 

Граѓаните на Охрид и гостите се жалат дека не можат мирно да спијат поради досадните комарци. Се поголем е бројот на оние кои се со убоди од овие инсекти. Од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека во текот на минатиот месец се направила првата дезинсекција и тоа во леглата на комарците. Направена е и ларвицидна дезинсекција со средство кое ги уништува ларвите на овие инсекти и тоа во местата каде тие најчесто се размножуваат, а тоа се мочуриштата и барите. Од понеделник ќе се започне со втората фаза на прскање против комарците, а во текот на овој месец ќе се направи и прскање од воздух. Оваа постапка ја спроведува Министерството за транспорт и врски. Дезинсекцијата и дератизацијата се законска обврска на локалната па таа ги покрива трошоците за спроведување на овие постапки. Оваа година тендерот за вршење на прскањето го доби Центарот за јавно здравје.prskanje komarci

Локалната си ги покрива трошоците. За дезинсекција и дератизација издвоени се 900 000 ден., вели Атанаско Михаилов-директорот на Центарот за јавно здравје

Постапката на дезинсекција треба да заврши на почеток на август кога треба да се спроведе и последното прскање на земја.

Добро би било да се изврши дезинсекција и од струшка страна бидејќи за комарците не постои граница. Тие мигрираат и во охридскиот регион. Суште не се знае кој и дали воопшто ќе се спроведе прскање во општина Струга, вели Михаилов. Ние сме задолжени за општините кои се под наша ингеренција. Ќе се прска и во општина Дебрца и Вевчани, додава тој.

Михаилов рече дека со дезинсекцијата ќе се заштитат граѓаните и од наездата на крлежи бидејќи и тие спаѓаат во истата категорија на инсекти како и комарците. Директорот на Центарот за јавно здравје најави и спроведување на процесот на дератизација на шахтите во градов. Но тоа ќе се прави наесен, вели тој бидејќи глувците и останатите глодари сега се во полињата каде наоѓаат храна па доколку се направи дератизацијата сега ефектите ќе бидат минимални.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top