Жителите на улицата Вардар живеат во мрак

Жителите на улицата Вардар која се наоѓа во населбата Кошишта кај црквата св. Архангел Михаил навечер се движат со помош на батериска  ламба. Тие години наназад немаат улично осветлување па со петиција бараат од Локалната да го реши оваој за нив голем проблем. Од таму ветуваат дека есенва ќе се осветли овој дел од градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dalekuvod
далекувод

Жителите на улицата Вардар во населбата Кошишта кај црквата св Архангел Михаил, живеат во мрак. Освен слабото светло од светилката поставена на една бандера во оваа улица години наназад нема никакво осветлување. Мештаните велат дека навечер не се гледа прст пред око па се плашат да одат на продавница или  да излезат за да си завршат некоја друга обврска. Посебно е проблем во периодот кога децата одат на училиште па не можат да си се вратат дома бидејќи е тотален мрак па нивните родители се приморани да ги пречекуваат. Темнината им одговара само на крадците кои ја искористиле и неколку пати ја ограбиле црквата Св. Архангел Михаил, раскажуваат жителите. Честопати и нивните автомобили биле мета на вандали, но сторителите во мракот никој не можел да ги види. Испровоцирани од сето ова пред еден месец запчнале петиција. Собраните потписи ги доставиле до Локалната самоуправа, но досега не добиле одговор. Од Локалната велат дека се запознаени со оваа иницијатива.далекувод

Треба да се распиши нов тендер за проширување на електричната мрежа сигурно во наредните два месеци ќе се постави улично осветлување, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната.
 
Џамтоски кажува дека покрај граѓаните од оваа улица за решавање на проблемот е заинтересиран и црковниот одбор на црквата св. Архангел Михаил па до општината стигнало и нивно барање за поставување улично осветлување.

Од Локалната велат дека има уште дваесетина други барања за поставување улично осветлување. Сите тие се разгледуваат и треба да се решат во наредните два месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top