Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов

Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов. Од локалната велат дека прават напори да се стави ред во оваа сфера, но дека работите одат бавно. Сепак, има подобрување од минатото лето, тврдат од таму, пред се поради некои активности кои беа спроведени на почетокот на сезоната.

 |  Јаковлева Лионела  | 
taksi
такси

Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот
во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав.

Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради поплаки на граѓаните биле спроведени десетина акции кои вродиле со плод. такси

Голем број граѓани се јавија на телефонските броеви во СВР УЈП и ТЛЕР за да пријават неправилности, вели Апостолов

Инаку, годинава локалната на почеток на сезоната презеде акција со која беше наложено во секое такси возило да се постават ценовници и лиценци за возење, како и правилник, односно кодекс на однесување поради дотогашната пракса на таксистите да одбиваат да возат на кратки релации и  на граѓаните произволно да  наплаќаат за извршениот превоз.
Апостолов додава дека ќе треба време за да се направи ред во такси превозот, но потенцира дека се на добар пат да го постигнат тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top