Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово

Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово. 25 годишнината ќе донесе повеќе новини во оваа реномирана поетска манифестација. Годинава таа пред се ќе биде посветена на младите македонски поети.

 |  Јаковлева Лионела  | 
велестово
velestovo

 

25 години поетска ноќ во Велестово. Ова јубилејно издание кое стартува од утревечер оваа година и финансиски и логистички е подржано од Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески.

Особена чест е да се зборува за поетската ноќ во Велестово. Ова е најзначајна културна манифестација која се одржува во Охрид, а е под покровителство на општината, рече Зоран Велјановски-Летра-преставник на Општина Охрид

Поетската ноќ во Велестово е манифестација која се разликува од другите манифестации од ваков карактер пред се поради тоа што изминатите години секоја ноќ беше посветена на еден поет.славе ѓорго димовски

Оваа година ќе се направи отстапување од традицијата и на првата ноќ ќе се претстават 14 млади поети од земјава. Тие ќе имаат ретка можност да ги слушни и види пошироката македонска, но и странска јавност, изјави Јулијана Величковска-член на организациониот одбор

Поетот Славе Ѓорго Димовски кој е и основач на оваа манифестација рече дека воопшто не било лесно да се стигне до ова ниво до кое што сега се Поетските ноќи во Велестово. Тој по своето значење ги спореди со Струшките вечери на поезијата.

На поетските вечери во Велестово ќе настапат и пет странски поети. Тие не го криеја своето задоволство што ќе бидат дел од оваа манифестација

Поетската ноќ во Велестово ќе се одржи на 16ти и 17ти август, а во нејзини рамки кај чешмата ќе биде поставено и бронзено обележје со ликот на Григор Прличев бидејќи се смета дека неговото потекло е од ова место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top