Војната во Украина ќе ја продлабочи економската криза и директно ќе се одрази врз туризмот во охридско-струшкиот регион. Изминативе две години Охрид го посетуваа голем број туристи од Украина, доколку продолжи војната ќе се намали бројот на туристи, но и нивната куповна моќ.
Општина Охрид упатува апел до сите доставувачи на роба во Охридската чаршија истата да ја реализираат со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
На Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата. Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.
Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
Од карцином на дојка во земјава годишно умираат 277 жени, од рак на грло на матка – 30 жени.
Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”. На форумските сесии ќе се предлагаат и изберат важни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија.
Русија веќе неколку дена ја обвинува Турција за криумчарење на црното злато
Денeс во Охрид отворено шестото издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град