Денови на Јустинијан I во Охрид и Ресен

Денeс во Охрид отворено шестото издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

 |   | 

Денeс во Охрид отворено шестото издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Асоцијацијата на градот Охрид со Самуиловата држава и Охридската архиепископија ја предодреди одлуката за организирањето на шестото издание на Деновите на Јустинијан I во градот на УНЕСКО. Охрид обезбедува дополнителен симболизам со византискиот император, со оглед на фактот што Јустинијан I и неговата архиепископија Јустинијана Прима се инкорпорирани во традициите на Охридската Архиепископија и на Македонската Православна Црква. Годинешната специјална тематска целина Држава и Империја  е инспирирана од 1000-годишнината од падот на Самуиловата држава и милениумскиот јубилеј на Охридската архиепископија, истакна  д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет.

„Нашите почитувани колеги учесници на симпозиумот ќе ги разменат најновите истражувања ќе ги спојуваат идеите околу фундаменталните прашања на дефиницијата на државата и империјата во средновековниот и постсрденовековниот свет, адресирајќи пошироки хронолошки и географски контексти, преку современите приоди и научни методологии“ се обрати  д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет.

На тој начин, покрај научниот линк на релација Скопје-Болоња-Равена, „Деновите на Јустинијан I” годинава ги поврзуваат и градовите Охрид и Ресен, што најдобро ја рефлектира клучната цел за интегрирање на Европското културно и историско наследство, како и на истражувачите ширум светот. Игор Бежоски секретар на Општина Охрид, истакна дека кога веќе е невозможно оваа научна дебвата да се одржи во Аја Софија во Истанбул, охридската Св. Софија е најсоодветното место.

„Охрид е отворен град за сите. Охрид со широко срце ги пречекува сите оние кои уживаат и се восхитуваат на неговите природни убавини, бесценетите културно историски споменици, а особено се радуваме на оние кои со своите научно истражувачки трудови ја збогатуваат и така богатата просветителска ризница“ рече Игор Бежоски – секретар Општина Охрид.

Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа. Во шесте работни сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и општинската сала во Ресен, свои реферати ќе имаат 40-на еминентни професори и научници од Република Македонија, Италија, Русија, Србија, Турција, Грција, Албанија, Унгарија, Романија, Шпанија, Полска. Ваквиот сеопфатен и богат тематско-содржински концепт на рефератите, меѓу другото, ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските и европските културни и историски традиции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top