• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”

Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”

Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”. На форумските сесии ќе  се предлагаат и изберат важни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид денес ја организира првата од четирите форумски сесии од Форумот на заедниците. Тема на форумот е „Социјална инклузија“, а целта на сесиите ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. На форумот има три теми социјална заштита, култура и инфраструктура, информира Бојан Бојчески форумски модератор на општина Охрид.

„ Денес во рамките на форумот граѓаните сами ја избираат темата на социјалната инклузија. Предлагаат и ги детектираат проблемите во локалната заедница и ги предлагаат решенијата. Потоа се оди на изработка на предлог концепт кој треба да биде прифатен од сите учесници“, напоменува Бојчески.

Учесниците на формуските сесии ќе имаат можност да ги одредат приоритетите за социо-економскиот развој на општината за подобрување на состојбата во локалната заедница. Предлозите кои финансиски ќе се поддржат се рангираат од страна на учесниците на форумот, дополнува Бојчески.

„Во рамките на приоритеното зјакнување на општинските совети е битно да се напомене кој предлог проект ќе добие најмногу гласови ќе биде награден со 50.000 швајцарски франци. Со тие средства ќе може да се финасира еден ,а најмногу 3 поекти, објаснува Бојчески.

Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства обезбедени од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија.

На форумот учество зедоа невладини организации, претставници од Советот на општина Охрид, општинската администрација, јавните претпријатија и претставници од бизнис секторот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top