После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна.
Традиционално и годинава по петти пат во колеџот Јахја Кемал во Струга се одржа спортскиот турнир во кошарка и одбојка. На утакмиците продефилираа околу 750 ученици од Основните училишта од југозападниот регион на земјава, кои покажаа квалитет во спортската игра што е услов, тие да прераснат во врвни спортисти, велат организаторите.
Волонтерите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ викендов по 30-ти пат излегоа во акција да расчистуваат низ градот. Овој пат тие чистеа во околината на скалестата зграда.
Маските паднаа – Тимски наредби ја режираа трката во Малезија – Фетел му ја украде победата на Вебер – На Хамилтон поклонето трето место – Дебакл на „Ферари“.
На 12.12.2021 година околу 01 часот, пред угостителски објект на улицата „Ристо Крле” во Струга, М.Е. од струшкото село Радолишта, го нарушил јавниот ред и мир со вербални навреди и закани кон А.Р.(24) од Струга, а потоа извршил кршење на инвентар во објектот.
Министерството за транспорт и врски, општина Охрид и „Фибула Ер Травел“ направија голем криминал поврзан со купопродажбата на локацијата каде се наоѓаат бараките на Трудбеник, со што украдено е вредно земјиште, обвини охридскиот бизнисмен и акционер во АД „Трудбеник“, Ацо Спироски. Денеска на прес конференција Спироски побара локалната самоуправа да реагира и да го спречи преземањето на владението со имотот, бидејќи имало најави дека во понеделник ќе се изврши влегување во локацијата.
Светскиот ден на срцето кој се одбележува секоја година на 29-ти Септември е востановен од Светската федерација за срце и има за цел да ги информира луѓето ширум светот за кардиоваскуларните болести и сите аспекти поврзани со можностите за нивна превенција и третман.
За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.
На промоцијата Трендафилов истакна дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчелива согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“- истакна кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов Нанче.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град