• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Промовиран Михаил Трендафилов- Нанче како кандидат на ГДУ за градоначалник на локалните избори

Промовиран Михаил Трендафилов- Нанче како кандидат на ГДУ за градоначалник на локалните избори

На промоцијата Трендафилов истакна  дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчелива  согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“- истакна  кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов Нанче.

 |  Валентина Неловска  | 

Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник на Охрид од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ). Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во локалниот клуб на партијата. Михаил Трендафилов во своето обраќање меѓу другото рече дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчеливата согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“- истакна кандидатот Михаил Трендафилов. Задоволство и чест ми е што сум кандидат на една нова млада партија, чиста без хипотеки , со млади авангардни луѓе кои се иднината на Македонија , рече Трендафилов Нанче.

„ Време е да дефинитивно да изградиме општество на рамноправни луѓе ослободени од секаков вид на омраза, општество подготвено за културен натпревар. Европска унија, да направиме наша унија и да сфатиме дека заедно сме посилни и да изградиме среќен дом, што бараме во Европа. Наша цел е да ги обединеми сите прогресивни сили, посебно од Сдсм и Вмро, да им се даде црвен картон на ретрогардни сили во нивните редови“, истакна на промоцијата Нанче.

Претседателот на ГДУ Петар Колев ги повика охриѓани да го поддржат кандидатот Михаил Трендафилов Нанче, со зборовите дека тој е човекот што ќе го врати сјајот и достоинството на Охрид. Во својот говор Колев потсети на неодговорното и несовесно работење на досегашните градоначалници, на проблемите со кои се соочува градот.

„Урбаната мафија во Охрид , непочитувањето на законите го урнисуваат охридскиот шарм и убавина. Иако веќе некако можеби се помиривме со незаконските градби на згради и хотели , стигнавме до незаконски градби и врз културни, историски и верски објекти кои се заштитени најстрого со закон. И тоа е вистината. Некој упорно газејќи го законот сака да го смени обликот на градот и да предизвика верска нетрпеливост, “ рече Колев.

Крсте Ристески, претседателот на Локалниот клуб на ГДУ од Охрид кажа дека нивна цел ќе биде да воспостават комуникација со граѓаните и да ги слушнат нивните проблеми и видувања и да се врати епитетот на Охрид, најубавиот град во Македонија.

„Како политичка партија сме ориентирани центар кон десно и во соработка со фондацијата АКРЕ, европски конзервативци и реформатори кои се трета поголемина европска паралменатрана група. Како такви ќе тежнееме да ја ограничиме власта, моќта на Владата и функционерите и да го издигнеме поединечено човекот“, напомена Ристески.

Од ГДУ ги повикаа охриѓани да го подржат нивниот кандидат кој се одликува со чесност и правдољубивост и како докажан борец против безаконието. ГДУ е првата партија која го промовира својот кандидат за градоначалник на Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top