Младинците од охридскиот Црвен Крст излегуваат на терен

После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна.

 |   | 

Малите проекти кои ќе ги изработат и реализираат младите на Црвен крст Охрид ќе бидат од големо значење за пошироката заедница.
Ве очекуваме денес и утре на Кеј Македонија во Охрид од 12-17 ч. каде еден ПХВ тим ќе организира хуманитарна продажна акција на интересни производи.

Ги покануваме и охрабруваме нашите сограѓани да ги препознаат и поддржат хуманите и креативни активности на младите на Црвен крст Охрид преку кои заеднички ќе придонесеме да помогнеме и израдуваме многу семејства во нашата заедница, кои живеат во социјален ризик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top