Тимски наредби ја режираа трката во Малезија

Маските паднаа – Тимски наредби ја режираа трката во Малезија – Фетел му ја украде победата на Вебер – На Хамилтон поклонето трето место – Дебакл на „Ферари“.

 |  Голабовски Крсте  | 
bolid ferarri
болид ферари

Со оваа трка или да кажеме лакрдија, се вративме во ерата на Михаел Шумахер кога дотичниот беше мазен, пазен и протежиран како некоја примадона, а сиротиот Барикело третиран како некоја стара крпа, целиот циркус на „Формула 1“ дословно стана циркус.

Овој пат учесникот во бурлеската не беше „Ферари“, туку тимовите на „Ред Бул“ и „Мерцедес“ кои со овој чин фрлија големи темни дамки врз својата слава и чесност.

Имено, во завршницата на трката, после последното менување на гуми, доаѓа до остар напад на Фетел врз Вебер кој води. Првата тимска наредба Вебер со право ја игнорира и дури му покажува среден прст на својот безобразен колега, што јасно се гледа во второто видео.

За да се прикаже каков е Фетел како спортист, мора да се потенцира дека на средината на трката сосема отворено преку радиоврска бара од својот тим – „Тргнете го, ми пречи!“. Од боксот му порачуваат да биде трпелив. Вебер добива и втора наредба – да ја намали користената сила на моторот, за да може со сигурност да ја заврши трката. Односно – ти успори за да победи Фетел. Шлагот на „Ред Бул“ тортата е лицемерното извинување на Фетел на прес конференцијата, кое ви го прикажуваме на првото видео.

Еднаков скандал се случува и во „Мерцедес“ – десет кругови пред крајот Розберг од четвртата позиција го напаѓа третиот Хамилтон, од кого многу очигледно на милиони гледачи беше побрз. Преку радиоврска Розберг порачува дека вози многу побрзо од Хамилтон и дека сака да го престигне, но добива краток и јасен одговор – „НЕ МОЖЕШ!“. Дури и минута подоцна се огласува лично и Рос Браун, порачувајќи му на Розберг дека „поредокот мора да остане ист.“

bolidiОд смешните гафови на оваа трка мора да се истакне и тоа како при влегувањето во бокс Хамилтон по грешка го паркираше својот болид на сосема погрешно место – во боксот на „Мекларен“, а не на „Мерцедес“.

Како што веќе споменавме погоре, вакви тимски скандали и порано се случуваа, посебно во ерата на Шумахер, но никогаш волку очигледно, со што и двата тима максимално се избламираа во очите на секој вистински љубител на „Формула 1“ ширум светот, без разлика за кој возач или тим навива.

Однесувањето на тимовите на „Ред Бул“ и на „Мерцедес“ на ГН на Малезија ќе бидат главна тема за анализи и дискусија на сите постручни светски медиуми деновиве. Тешко е и илузорно да се очекуваат било какви санкции од FIA, знаејќи ги и нивните принципи и методи на работа.

ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје и 54 општини

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 11, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Националната демократска партија, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.

Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 59,50, а Александар Петрески од СДСМ 37,53.

Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11, Зијадин Села 32,37.

Резултатите се добиени од обработените податоци од 97,48 отсто од вкупниот број избирачки места. Одзивот од гласањето е 67,06 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top