Од одделението за сообраќај се задоволни од функционирањето на системот со влез и излез на возилата во стар град. Одредени слабости има во функционирањето на режимот. Дел се од системот, а дел поради човечки фактор, велат од локалната. Повторно се соочуваат со злоупотреби на картичките од страна на жители на Стар град, а има и пропусти кај лицата ангажирани на рампите.
Организаторите на Отвореното првенство на Австралија најавија зголемување на наградниот фонд на турнирот за 10% до 33 милиони австралиски долари (30.97 милиони американски долари) во обид да ги покријат ефектите од девалвацијата на локална валута.
Планинската спасителна служба, при Црвен крст – Охрид доби специјализирани мултифункционални носилки и средства за имобилизација за хеликоптерско спасување, преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Албанија.
Кој и како се правени злоупотреби со издавањето на лекови на рецепт, здравствените власти се уште немаат конкретни информации. Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Општинската организација на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” на сите граѓани им го честита државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание, симбол на македонската борба за слобода.
Охрид го живее пикот на сезоната. Во хотелските капацитети и приватното сместување се бара место повеќе и поради атрактивните музички фестивали „Охрид колинг“ и „Гринбич“ и настани на најпрестижната културна манифестација во земјава „Охридско лето“ . Туристичките работници се надеваат дека доколку продолжи топлото време туристите во голем број ќе ги има цел август.
Целт е да се надмине проблемот со недостокот на лекови , а со отворање ординации младите лекари да се мотивираат да останат и да работат во нашата држава. Ова го овозможуваат измените во Уредбата за мрежата на здравствени установи што Владата ја усвои на последната седница.
Четирите предмети кои Специјалното јавно обвинителство ги побарало од општина Центар се поврзани со изградбата на спомениците: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто, дознава НОВА. Овие споменици се дел од мегаломанскиот проект Скопје 2014 кој досега се потрошени над 600 милиони евра, објавува НоваТВ.
Најдобар резултат од охридските пливачи имаше Предраг Мургоски кој во генералниот пласман го зазеде 5-тото место. Од идната година оваа маратонска патека ќе го носи името на Нико Нестор, информираат од ПК „Охридски бранови“ организатори на пливачкиот маратон.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град