Традиционално продолжениот викенд за празникот Илинден го наполни Охрид

Охрид го живее пикот на сезоната. Во хотелските капацитети и приватното сместување се бара место повеќе и поради атрактивните музички фестивали „Охрид колинг“ и „Гринбич“ и настани на најпрестижната културна манифестација во земјава „Охридско лето“ . Туристичките  работници се надеваат дека доколку продолжи  топлото време туристите во голем број ќе ги има цел август.

 |  Соња Рилковска  | 

Летно лудило, традиционално за Илинденскиот викенд во Охрид се бара место повеќе. Фестивалите „Охрид колинг“ и „Гринбич“,атрактивните музички и настани на најпрестижната културна манифестација во земјава „Охридско лето“ , како и високите температури причина плус за  потполно исполнетите хотелските капацитети и приватното сместување..
Генералната оценка на туристичките експерти е дека годинешната сезона е послаба во однос на лани, но деновиве во градот има задоволителен број туристи.

„Годинешната туристичка сезона што се однесува до бројот на туристи може да се каже дека е задоволителна се надевавме на поголем број туристи , меѓутоа она што пријатно не изненадува е на пример една прмена на профилот на гости кои што се присутни во градот и земјите од кои доаѓаат. Евидентно е мноштво на млади луѓе што е задоволително од земјите на Централна и Северна Европа. Имаме и мали групи на моторџии кои се вредни да се споменат, патници кои ги пренесуваат своите искуства во својата земја. Според профилот на гости ќе кажам е задоволително“, вели  Михаил Мишев угостителски еснаф.

Туристите се задоволни од Охрид. Тие се вљубуваат во прекрасното езеро, културно историските споменици, црквите  и гостопримливоста на домаќините.

-Јас сум од Русија но живеам во Германија, Тука сум се целото семејство, ќе останеме две недели  затоа што на мојот сопруг фамилијата е тука. Трет пат сме во Охрид многу ми се допаѓа, особено езерото кое е прекрасно за децата.

-Јас сум од Јужноафриканската република , патувам низ Балканот и навистина сум изненадена колку е убава Вашата земја. Почнав со патување од Скопје, каде останав три ноќи, тоа е старо нов град но е прекрасен. Овде уживам  во живописната природа, прекрасното езеро, вкусната храна и добри луѓе. Ова е еден убав одмор.

-Ние сме од Полска , пристигнавме пред неколку денови многу ми се допаѓаат и Скопје и Охрид. Ќе одиме и во НП Гличица да уживаме во прекрасните погледи. Убав е Охрид  , особено Охридското езеро.Ние сме рупа пријатели.

-Дојдов вчера, многу е убаво може да најдеш место, иако има многу туристи.

-Убави плажи, убаво место. Многу ми се допаѓа овде.

Гужвите продолжуваат и во следните денови. Традиционално првите денови од август се резервирани за најспекуларните настани кои ја одбележуваат сезоната .На охридската сцена продолжуваат фестивали и  концерти по охридските плажи и кафани.  Во недела на Антички театар следи концертот на легендарниот гитарист Влатко Стефаноски.
Туристичките  работници се надеваат дека туристите ќе останат и после продолжениот Илинденски викенд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top