Честитка по повод 11-ти Октомври од ОО СДСМ Охрид и Коалицијата

Општинската организација на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” на сите граѓани им го честита државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание, симбол на македонската борба за слобода.  

 |   | 

Општинската организација на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина” на сите граѓани им го честита државниот празник  11-ти Октомври, Денот на народното востание, симбол на македонската борба за слобода. 

На одбележувањето на овај историскиот ден кога започна антифашистичката борба за слобода, им оддадеме заслужена почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на македонската државност.
 
Оваа народно-ослободителна борба својот врв го достигна во 1944-тата година, кога на првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ за основање своја држава. 
 
Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободната, самостојна, независна и суверена држава.
 
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. – се вели во честитката на ОО СДСМ Охрид и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top