Скопјаните Мирчевски и Костадиноска победници на Илинденскиот пливачки маратон

Најдобар резултат од охридските пливачи имаше Предраг Мургоски кој во генералниот пласман го зазеде 5-тото место. Од идната година оваа маратонска патека  ќе го носи името на Нико Нестор, информираат од ПК „Охридски бранови“ организатори на пливачкиот маратон.  

 |  Валентина Неловска  | 

Божидар Мирчевски од ПК Работнички и Јана Костадиноска од ПК Младост и двајцата од Скопје се победници на 40 издание на Илингденскиот пливачки маратон во категоријата над 16 години. Меѓу 60 тината учесници во двете категории до 16 и над 16 годишна возраст овие пливачи беа најбрзи на патеката Горица- Охрид во должина од 2,5 км.

Многу сум задоволен од трката, испливав 31 минута. Тренирам 7 години пливање“, вели 15 годишниот Мирчевски.

Прв пат ја пливам оваа патека и многу сум задоволна. Ова е најдоброто постигнато мое време со испливан резултат од 32 минути“, раскажува 16 годишната девојка од ПК Младост која тренира пливање 10 години.

Во конкуренцијата дo 16 години со златни медали се закитија Симон Поповски од ПК Вардар 2018 и Калина Стојановска од МКД. Дамјан Петровски од ПК Олимпик Битола со девет полни години беше најмладиот пливач кој успешно ја помина трката на „малиот маратон“.

Од 10 мината охридски пливачи кои учествуваа на маратонската трка, од пливачкиот клуб Охридски бранови и пливачката школа Делфини, најдобро време постигна 15 годишниот Предраг Мургоски од пливачката школа Делфини со резултат од 42 минути.

Скоро две години како тренирам, секојдневно и сум презадоволен. Очекував резултатот да е подобар од претходниот пат. На крај и да ја испливам трката тоа ми беше најважно. Задоволен сум“, вели 16 годишниот Мургоски.

60- тина пливачи се натпреваруваа во две категории од 6 до 16 години и над 16 годишна возраст. Пливачи аамше од Охридските клубови, од Скопје, Штип, Куманово, Битола ,Прилеп и од САД. Регуларноста на пливачката трка ја надгледуваа 12 пливачки судии , а пливачите беа под надзор на медицински и екипи од ОО на Црвен Крст. Организаторите на пливачкиот Илинденски маратон, Охридски бранови најавуваат дека од идната година патеката на пливачкиот маратон ќе го носи името на маратонецот Нико Нестор.

На 10 август, следува Интернационалниот пливачки маратон во должина од 10 километри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top