Стружани одадоа почест на заштитникот на градот Св. Великомаченик Георгиј.
Германската канцеларка Ангела Меркел го повика папата Бенедикт XVI јасно да каже дека Ватикан не дозволува никакво негирање на холокаустот.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Борис Бекер и официјално ја започнаа соработката и за прв пат излегоа на терен.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.
Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно, а не квантитативно. Наспроти тврдењето во постот, молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР тестот, се златен стандард како метод за идентификување активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2, во респираторниот тракт.
Во рамки на студиската посета на проектот „Зајакнување на малцинствата”, како дел од Еразмус плус програмата, 38 учесници ќе го посетат градот Охрид.
Иран за првпат лансира сателит во орбитата од сопствено производство.
Дебрца ќе го направиме пријатно место за живеење за да не се случува миграција село-град, вели Игор Крцоски, кандидат за градоначалник на Дебрца од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Имаме развојна програма со проекти за подобрување на сите сфери со акцент на инфраструктурата. Наменски ќе ги трошиме народните пари, ветува Крцоски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град