Турција го отфрла антисемитизмот

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Redzep Erdogan
Реџеп Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.

Тој нагласи дека Турција е подготвена и понатаму да посредува во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Палестинците, објавија агенциите.

Турскиот премиер во четвртокот на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, по острата расправа со израелскиот претседател Шимон Перес, нагло ја напушти конференцијата и се врати во Турција.

Ердоган нагласи дека критизирањето на Израел не е антисемитизам, и оти неговата држава ги гарантира сите права и безбедноста на тамошната еврејска заедница.

„Антисемитизмот не постоел во историјата на овој народ и оваа земја“, изјави Ердоган пред членовите на парламентарната група на неговата партија „Правда и развој“, утврдувајќи дека антисемитизмот, што го нарече „злосторство против човештвото“, не може да го има во земјата со која што управува неговата влада.

Rezdep ErdoganМалата еврејска заедница во Турција, со околу 23 илјади припадници, се загрижи за сопствената безбедност по израелската офанзива во Појасот Газа, што предизвика бројни собири за поддршка на Палестинците и неколку изолирани напади на нејзини членови, поради што Евреите во Турција се во контакт со полицијата и парламентот.

„Ја гарантираме нивната безбедност и нивните животи“, рече Ердоган, по што еврејската заедница излезе со соопштение во кое ја поздрави неговата осуда на антисемитизмот, но и ја истакна силна антисемитска реторика на некои ТВ станици во Турција.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top