Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес во Охрид ќе се сретне со државниот врв

Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција.

 |   | 

Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција.

По повод официјалната посета на американскиот државен секретар, во Охрид денеска на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки. На булеварот „Туристичка“ и неколку улици во стариот дел на градот, каде ќе минува американската делегација нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. За безбедноста на високиот гостин ќе се грижат поголем број припадници на безбедносните служби.

Изминатите денови, пак, надлежните служби интензивно вршеа санација и чистење на улиците низ градот, со цел Охрид да се претстави во што подобро светло.

Мајк Помпео е прв државен секретар на САД што ја посетил земјава, по Колин Пауел кој престојуваше во официјална посета на Скопје за време на конфликтот во 2001 година.

Помпео по средбите со Пендаровски и Заев во Охрид, ќе отпатува за Атина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top