Ученичката Нина Стевоска од ОУ „Григор Прличев“, заедно со ученичките Ева Коловска и Христина Чакаровска од партерските PASCH- училишта на Гете институт од Скопје, во придружба на наставничката го германски јазик Билјана Атанасовска од 18 до 21 октомври присустуваа на детскиот самит во Нирнберг каде меѓу другото, учествуваа на изградба на Скулптурата на слободата и тоа на меморијално место на фашизмот.
Извршниот директор на американската автомобилска компанија Џенерал моторс, Рик Вагонер поднел оставка по барање на претседателот на САД Барак Обама кој треба денеска да го соопшти планот за спасување на автомобилската индустрија. Со него е предвидена поголема финансиска помош под строго определени услови, објавија американските весници.
На 14-ти октомври 2021 година, околу 21:30 часот, на булеварот „Асном“ во Охрид, Ѓ.М. го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал 40-годишната А.У., двајцата од Охрид.
Граѓанските организации во помалите градови функционираат на волонтерска основа и без пристап до високи фондови на финансирање. Со цел зајакнување на нивните капацитети Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведува проектГраѓански ресурсен центар, финансиран од ЕУ. Денеска во рамки на проектот, се одржа отворен ден со граѓански организации од Охрид.
Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави.
Со ваквата одлука на советниците заврши агонијата на ОУ Григор Прличев кое со години работеше со блокирана сметка. Опозицијата не даде зелено светло за измена на буџетот. Упатија забелешки на начинот на буџетирање, а дадоа поддршка само за измена на три програми, за спорт, јавна чистота и фудбалскиот клуб Охрид.
Согласно Законот за пловидба на скутери и чамци во водите на природните езера во Македонија, од 1 јули стапува на сила забраната за ограничено движење. Имено ограниченото движење ќе биде во периодот од 11 до 19 часот низ водите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, за скутери.
Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција.
Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со Е-наплата на сметките за услугата: подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град