Напад врз салон за автомобили во Атина

Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција.

 |  Крсте Голабовски  | 
Atina
Атина

Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција.

Според еден очевидец, биле уништени четири автомобили. Околу еден час по инцидентот, група од дваесетина момчиња нападнала полициска патрола во центарот на Атина и оштетила едно возило.
Вчера во експлозија на рачна бомба во грчкото пристаниште Пиреј оштетени се три згради и осум возила, но немало повредени лица.

AtinaИнцидентот во кој полицијата уби едно 15-годишно момче во декември минатата година предизвика серија насилства и бомбашки напади врз банки, како и врз домашни и странски компании во Грција.
Грчката полиција планира да назначува имигранти во своите служби по примерот на други земји, како САД и Велика Британија, со цел да го спречи зголемениот криминал во државата, објави грчкиот весник „Елефтеростипос“.
Полицијата всушност ја разгледува можноста за создавање специјална единица, која ќе има пристап до криминални структури, врз кои ќе влијае и ќе добива информации од нив.
Предлогот за ваква единица бил даден и од екипа на Скотланд јард, која престојуваше во Атина за да го сподели својот обид во борбата против криминалот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top