Директорот на Џенерал моторс поднесе оставка

Извршниот директор на американската автомобилска компанија Џенерал моторс, Рик Вагонер поднел оставка по барање на претседателот на САД Барак Обама кој треба денеска да го соопшти планот за спасување на автомобилската индустрија. Со него е предвидена поголема финансиска помош под строго определени услови, објавија американските весници.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Rick Vagoner„Од Вагонер беше побарано да поднесе оставка во рамки на реформи во Џенерал моторс и тој се согласи“, објави Њујорк тајмс кој цитира извор од Белата куќа.

Вагонер беше директор на компанијата веќе осум години и за многумина симбол на раководител кој не успеа да ја приспособи најголемата автомобилска компанија кон реалните потреби на времето и да одговори на очекувањата на Американците кои бараа помали и поекономични возила, наведува АФП.
Весникот Њујорк тајмс тврди дека засега не се знае кој ќе биде новиот шеф на Џенерал моторс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top