Апр 27, 2020

Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата

Посебно граѓаните  да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на првомајските празници. Викендов беше изгаснат пожар на отворено во Дебело поле во близина на Радојца Новичиќ. Поради невнимание при палење стрништа изгоре сува вегетација на површина од 20 хектари, а во опасност биле доведени и околните куќи. 


Апр 10, 2010

Полскиот претседател Лех Качински загина во авионска несреќа

Претседателот на Полска Лех Качински загинал денеска во авионска несреќа во западниот дел на Русија.


Окт 11, 2021

Торино избран за домаќин на Евровизија 2022

Торино ќе биде домаќин на следното издание на Евровизија, која се враќа во Италија по цели 31 година. Италија се здоби со правото да ја организира Евровизија во 2022 по победата на групата „Манескин“ на годинешното издание, кое се одржа во Ротердам по една година одложување поради пандемијата.


Апр 27, 2020

Кардиолошки завод подготвен за третман и на пациенти со Ковид 19

Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид реорганизирана и подготвена за  третман на нискоризични и вискоризични пациенти. Досега во болницата се лекуваше еден пациент  позитивен на корона, со срцева слабост. Тој сега е  на инфективното одделение во Битола.


Апр 10, 2010

Се урна авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински

Авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински се урна при приближување кон аеродромот на рускиот град Смоленск, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на полски официјален претставник.


Апр 27, 2020

Пензионерите Иванка и Бруно Гигер полесно ги минуваат деновите во карантин со своето хоби

 Гигерови изработуваат најразлични украсни предмети од школки, а ја декорираат со школки и фасадата од нивната куќа. Тие се доказ дека имањето хоби го исполнува човекот и  прави побрзо да минува времето. 


Дек 26, 2016

Почина поп ѕвездата Џорџ Мајкл

Светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст во негоиот дом во Велика Британија.


Апр 9, 2010

Американско-рускиот самит бесплатна реклама за Прага

Посетата на двајцата светски лидери, претседателот на САД Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев на Прага, каде вчера беше потпишан историскиот Договор за намалување на нуклеарното оружје, изминативе денови ги полнеше страниците на светските медиуми и чешката метропола ја доби најголемата бесплатна реклама која може да и донесе голем број туристи, констатираат чешките туристички работници.


Апр 27, 2020

ПРОДОЛЖУВА РЕДОВНАТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во согласност со општинскиот оперативен план за превенција од корона вирусот Ковид-19, екипите  на ЈП „Охридски Комуналец“  вршат редовна дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top