Торино избран за домаќин на Евровизија 2022

Торино ќе биде домаќин на следното издание на Евровизија, која се враќа во Италија по цели 31 година. Италија се здоби со правото да ја организира Евровизија во 2022 по победата на групата „Манескин“ на годинешното издание, кое се одржа во Ротердам по една година одложување поради пандемијата.

 |   | 

Настанот, кој оваа година привлекол 190 милиони гледачи преку телевизија и интернет, ќе се одржи во арената „ПалаОлимпико“, а финалната вечер е закажана за 14 мај.

Италија претходно беше домаќин на Евровизија во 1965 во Неапол и во 1991 во Рим. Торино сега победил на наддавањето во кое што учествувале 16 градови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top