Хотелите, рестораните и сендвичарите, покрај индустриските објекти ќе треба да изготвуваат Елаборати за заштита на животната средина. Ова стои во најновата уредба за дејности кои подлежат на изготвување на Елаборат за оцена на животната средина, а врз основа на Законот за животната средина.
Црвениот крст од Охрид во соработка со Лајонс клубот Десaрет, ресторанот Далга, Локалната и образовните институции од градот, ќе се вклучат во одбележување на 16 октомври, светскиот ден на борба против гладта.
Втора конференција на детски невролози во Охрид. Преку 60 видни доктори од странство и исто толку од земјава, денес и утре во Охрид, ќе разменат искуства поврзани за детската неврологија.
Предлог-Деталниот урбанистички план за спортскиот центар „Билјанини извори“, спорен за сопствениците на парцелите во тој дел. „Нема да го отстапиме нашето земјиште во рацете на локалните и државните моќници, кои не гледаат ништо друго, освен остварување на лични интереси“, велат тие.
Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица.
„Охриѓани ќе ги привлечеме со квалитетот на производите кој ги нудиме, исплата на штети и коректниот и професионален однос со осигурениците“, вели претседателот на управниот одбор на Кроација осигурување.