Состанок на годината

Втора конференција на детски невролози во Охрид. Преку 60 видни доктори од странство и исто толку  од земјава, денес и утре во Охрид, ќе разменат искуства поврзани за детската неврологија.

 |  Николовска Биљана  | 
konferencija
конференција

Втора конференција на детски невролози во Охрид. Преку 60 видни доктори од странство и исто толку  од земјава, денес и утре во Охрид, ќе разменат искуства поврзани за детската неврологија.

konferencijaВо Охрид, во тек е втората средба на детски невролози од просторите на источна и централна Европа. Се работи за конференција во која учествуваат преку 60 врвни светски експерти по детска неврологија од Турција па се до Словенија. Тие деновиве ќе разменат искуства поврзани со болестите на нервниот систем. Во Македонија бројот на детски невролози е мал, 5 на детска клиника во Скопје, 2 пензионирани и неколку педијатри во внатрешноста на земјава. Тоа е мала екипа, но успешно се справува со сите случаи поврзани со невролошките заболувања кај децата, велат одговорните.
Новините кои ќе се слушнат денес и утре од странските доктори, ќе бидат голем потстрек за помладите доктори. Тоа пред се се однесува и на развојот на добар дел од медицината вели Др. Александар Сајковски потпретседателот на здружението на педијатрите на Македонија. Тој додава дека екипите на невролозите кои што работат на проблемите на нервниот систем кај децата одлично се координирани.  Но проблем кој треба да се потенцира е слабата техничка опременост.
Мозочните заболувања кај нас се во подем за разлика од запад е констатацијата на детските невролози.
Од организациониот одбор на детските невролози сметаат дека овој состанок треба да прерасне во традицинален и Охрид да биде центарот на сите нови збиднувања од оваа сфера. Со тоа би добил и градот и докторите и пациентите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top