Два базени, ама кога?

Со исти средства Охрид би можел да добие и отворен и затворен базен.

 |  Николовска Биљана  | 
SRC
СРЦ

Со исти средства Охрид би можел да добие и отворен и затворен базен. Ова е визија на планерот од ИМПУМА, кој вчера пред охриѓани го презентираше предлог-ДУП-от за спортскиот центар „Билјанини извори“.

SRCНова состојба околу изградбата на пливачки базен во градот. Години наназад  во Охрид, носечката спортска активност –пливањето трпи заради бројните несогласувања и пропусти што се направија на релација локална-централна власт. Но за да се компензира досега пропуштеното, во новиот предлог-ДУП за спортскиот центар вцртана е новата визија на претставникот од ИМПУМА Благоја Тагасовски.  Тагасовски, веднаш до стариот базен, вцртал маркица за нов затворен базен, со што смета дека со исти пари Охрид може да добие два базени.
Портпаролот на Локалната самоуправа Никола Манески вели дека треба да се почека да се  усвои предлог-ДУП от за спортскиот центар „Биљанини извори“. Локалната ќе излезе во пресрет, додава тој бидејќи „ треба да се има предвид дека ДУП се изготвува на предлог на граѓаните и во интерес на градот. Од тие причини нема потреба за оспорување на изградба на пливачки базен“.
Агенцијата за спорт и млади сеуште нема никакви информации и комуникација со Локалната за новите моменти во предлог-ДУП-от за Спортскиот центар. Директорот Драган Ѓурчевски, вели „Треба да го разгледаме предлог-ДУП-от и да видиме дали локацијата е договорена, па да се помине на понатамошните постапки, истражување на теренот и се друго“.  Ѓорчевски истакна дека од она што се знае, глобалниот проект на Владата поради актуелната состојба со рецесијата е одложен и согласно Буџетот за 2010 не се влезени инвестиции за пливачките базени. Најверојатно за тоа ќе се размислува во 2011-2012 година доколку позитивно се надмине состојбата со рецесијата.
ТВМ во неколку прилози веќе ве има информирано за спорната состојба околу изградбата на седум милиони вредниот олимписки базен, кој требаше да го добие Охрид со средства од Владата. Но низата недоразбирања околу локација, па сега и рецесијата допринесе состојбата да е вака како што е. Да не се знае кога и дали во Охрид ќе има пливачки базен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top