Жестока јавна презентација на ДУП

Предлог-Деталниот урбанистички план за спортскиот центар „Билјанини извори“, спорен за сопствениците на парцелите во тој дел. „Нема да го отстапиме нашето земјиште во рацете на локалните и државните моќници, кои не гледаат ништо друго, освен остварување на лични интереси“, велат тие.

 |  Николоска Биљана  | 
DUP
ДУП

Предлог-Деталниот урбанистички план за спортскиот центар „Билјанини извори“, спорен за сопствениците на парцелите во тој дел. „Нема да го отстапиме нашето земјиште во рацете на локалните и државните моќници, кои не гледаат ништо друго, освен остварување на лични интереси“, велат тие.

DUPНовиот предлог ДУП кај спортскиот центар „Билјанини извори“ невидлив за сопствениците на парцелите во тој дел. Овој предлог кај засегнатите граѓани предизвика бурни реакции. Тие се крајно незадоволни од денешната презентацијата, која ја одржа Благоја Тагасовски, планер од агенцијата ИМПУМА.  Велат дека ДУП от, за спортскиот центар не ги задоволува нивните очекувања. Исто така, обвинија, дека не гледаат ништо во предлогот за новото идејно решение, од она што веќе години наназад се провлекува како нивен нерешлив проблем.
Предлог ДУП-от треба да се оспори преку Уставен суд на Р. Македонија, велат сопствениците на парцели во тој дел. Тие појаснуваат дека тоа е така, од причина што не се решени проблемите со денационализација. Сопствениците сметаат дека не може да се планира нивното место кое е во наследство од дедо и прадедо, за некој да си ги задоволи личните интереси.
Сопствениците на парцелите во опфатот кај спортскиот центар се пожалија дека воопшто немаат пристап во канцелариите на агенцијата „ИМПУМА“, местото каде што се подготвува Предлог ДУП от за спорната локација. Планерот на ИМПУМА Благоја Тагасовски, овие обвинувања ги образложи  како сосема непотребни и на погрешна адреса.
Предлог ДУП – от за спортскиот центар „Билјанини извори“, ги разочара сите присутни во големата општинска сала, инволвирани во Урбана единица 17. Тие не гледаат разрешница во овој дел уште долго време.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top