Поништен мистeриозниот тендер за набавка на ДВД презентација за потребите на општина Охрид. Понудената сума од 20 000 евра од страна на еден од тројцата понудувачи очигледно падна во очи и на надлежните.
На сцената од Центарoт за култура на 14 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Среќни денови“ на Семјуел Бекет. Станува збор за копродукциски проект, каде носители на улогите се охридските актери Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски.
Нов скандал на Локалната, подржан од градоначалникот Петрески, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат станува збор за како што велат, од редовите на ВМРО,скандалозен тендер за набавка на екрани со допир.
Сите сопственици на бродови во Охридско Езеро поднеле барања за добивање на соодветен сертификат до овластената меѓународната групација Bureau Veritas.
Свикана итна седница на Советот на општината. Едногласно отстапено правото на користење на земјиштето на Плаошник, на државата. Со оваа одлука ќе може да започне изградбата на Свети Климентовиот универзитет.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град