Нов бран обвинувања кон Петрески

Охридскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ згрозени од последните изјави и јавни настапи на градоначалникот Александар Петрески.

 |  Билјана Николовска  | 
Vmro Dpmne
ВМРО ДПМНЕ

Alcev PetreskiЧленството на ОК на ВМРО – ДПМНЕ реагира. Повод, најновите изјави на градоначалникот Александар Петрески и најновите ставови на Локалната самоуправа во општина Охрид. Хари Шокароски денес во името на својата партија упати остри критики кон охридскиот градоначалник. Тој истакна:
„Изјави со кои го достигна дното на политичката некултура и комуникација, изјави карактеристични за личности со дискутабилен морален и ментален склоп. Охрид не заслужува да биде претставуван од ваква личност кој со ништо не придонел за зајакнување на дигнитетот и културните вредности за градот“.
Шокароски, поради се она што во последно време било пласирано во јавноста од страна на Петрески, бара градоначалникот да се преиспита дали ја заслужува фотељата во која моментално седи и дали е одговорен за функцијата за која добил доверба од народот.
„Веќе постојат сериозни дилеми дали една ваква личност е способна согласно уредбите за вршење функција да извршува одговорна политичка функција како што е тоа  градот на културата Охрид“, рече Шокароски
Шокароски не е изненаден од изјавите кои градоначалникот ги пласира во последно време. Тој вели дека добро му е познат ваквиот жаргон. Шокароски смета дека треба да се стави крај на ваквиот политичкиот јазик на охридскиот градоначалник, кој не доликува на неговата моментална позиција. На ова укажува како на морална потреба не само во името на неговата политичка опција туку и во името на целокупната јавност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top