Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата.
Останува и понатака неизвесноста дали ќе се гради нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам околку издавњето на дозвола за градба доби разрешница.
Филмски празник за вистинските љубители на филмот. Почнувајќи од денес па се до 28ми Октомври, Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе прикажува ревија на филмови од современата шпанска кинематографија. Се работи за последните достигнувања на оваа високо ценета филмска продукција кои имаат добиено одлични критики од познатите филмски критичари. Влезот за проекциите е бесплатен.
Во охридскиот Кардиоваскуларен Центар Св. Стефан денес беше извршена ангиографија со употреба на најсовремен апарат од областа на интервентната кардиологија. Апаратот е последен тренд на техниката и технологијата од оваа област и подобар квалитет.
Денеска е активиран штрајкот во ЈП „Ниско градба“. Причина за истиот се неисплатените плати за месец август и септември. Од штрајкувачкиот одбор велат дека до раководниот тим на ЈП уредно доставиле предупредување за штрајк, дека ќе го активираат, доколку не им се исплатат заостанатите плати.
Недела на хуманост по повод Светскиот ден за борба против гладта. Под мотото „Помислете и на нас“, почнувајќи од вчера, па се до 22ри Октомври, организаторот на оваа хумана акција, Црвениот крст од Охрид, собира донации за да им се помогне на околу 200 социјално најзагрозени семејства од реонот на Охрид и Дебрца.
Владите од регионот со заеднички средства, со пари од светска банка ќе формираат осигурително друштво „Европа Ре“ кое ќе биде со седиште во Швајцарија. „Ова друштво ќе работи по најсовремените, поточно најдобрите закони во светот за осигурување, односно реосигурување на ризиците од катастрофи кои ќе ги нудат домашните друштва“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на Првата регионална конференција на ЕВРОПА РЕ насловена како „Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност“.