Учениците и професорите од ОСУ„Св Климент Охридски“ во униформи

Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а  до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е  премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата.

 |  Татјана Маленкова  | 
gimnazija
gimnazija

Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а  до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е  премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата.

Во интерес на вистината контектирваме со директорот на Училиштето Наум Рилковски. Тој и покрај тоа што денеска беше презафатен бидејќи во училиштето до петок гостува делегација од Словенија, сепак телефонски ни образложи се она што не интересираше. Тврди дека училиштето превзело активности за унифицирана гардероба на барање на советот на родители. Била формирана седум члена комисија составена од родители и професори кои постапката ја спровеле до крај, поточно бил распишан тендер. Од четирите понуди испратени од заинтересираните фирми пријавени на тендерот бил избран најповолен понудувач според критериумот на најефтина понуда. Избрана е фирмата „Ромина“ од Охрид.

Првиот човек на Св. Климент Охридски вели дека гимназијата има имиџ кој несмее да се наруши. Додава дека поради тоа во тендерот јасно било наведено дека амблемот од училиштето треба да биде шиен, а не штампан и дека поради тоа цената на облеката е повисока. Рилковски додава и дека сумата која ја плаќаат родителите е со платен ДДВ кој во случајов е над 400 денари.
Директорот не информираше дека училиштето се заложило 97 ученика од социјално загрозени сеемејства кој не се во можност да ја платат во целост сумата за униформите, извојувале да платат само една третина од цената.
Инаку не само учениците униформи до пред почетокот на второто полугодие ќе добијат и професорите. Со овој потег директорот смета дека ќе се зголеми безбедноста во училиштето, со тоа што секој надворешен член ќе биде и лесно забележан.

Инаку учениците од гимназија и економски со новите униформи во училишните клупи ќе седнат од следната недела.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top