Координатор за имплементација на проектот е Министерството за образование и наука, додека, Хидробиолошки завод од Охрид, е институцијата која ќе даде целосна логистичка поддршка при реализација на целите на проектот.
Од здружената опозиција „Сојуз на иднината“ побараа ТВ дуел помеѓу, кандидатите за градоначалници, Петрески и Бакрачески, носителите на советнички листи, Точкова и Стојаноски, како и меѓу портпаролите, Митровиќ и Блажески.
Носителот на листата на партијата ДОМ, Летка Филипова на денешната прес конференција ги изнесе нивните заложби како идни советници во интерес на охриѓани.
Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра МакедонијаТој потенцираше дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот. Вети сериозни проекти за економски просперитет на Охрид.
„Фудбалското игралиште во Лескоец е целосно руинирано затоа што Петрески не издаде градежна дозвола за истото“-вака обвини кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коталески.
16 години на власт, ништо не направи градоначалникот на Дебрца, Којчиноски, обвини Игор Трајкоски кандидатот за градоначалник на Дебрца од ВМРО- ДПМНЕ. Тој порача дека по победата на ДПМНЕ во Дебрца ќе биде извршена ревизија на досегашното работење на Којчиноски.
Црвениот крст го одбележа денот на крводарителството.
Падот на Охрид се должи на група луѓе, кои работат за бизнис интереси, а се дел од потесниот круг на раководството на СДСМ, обвини денес Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ.
Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град