Здружената опозиција Охрид, побара ТВ дуели

Од здружената опозиција „Сојуз на иднината“ побараа ТВ дуел помеѓу, кандидатите за градоначалници, Петрески и Бакрачески, носителите на советнички листи, Точкова и Стојаноски, како и меѓу портпаролите, Митровиќ и Блажески.

 |  Николоска Биљана  | 
prostorsdsm
просторсдсм

ВМРО – ДПМНЕ најмалку може да зборува за културно наследство во Охрид, изјави Дејан Блажески, кандидатот за советник од „Сојузот за иднината“. Тој нагласи дека Заводот за заштита на културни споменици, за жал на охриѓани, наместо да вработува археолози во моментов бил претворен во архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ кои им служат во текот на изборната кампања.

petreski blazeski„ До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?! Кога ќе биде вратен во нормална состојба ѕидот на црквата Св. Богородица Болничка, кој беше срушен за потребите на тешката механизација?! Во јавноста се фалат дека од Заливот на косите имаат голема заработувачка. Нека одговорат пред охриѓани колкава е заработувачката од Самоиловите тврдини, кои некој друг пред нив ги реконструираше, а денес, според жителите на стариот дел од градот се повеќе наликува нa дувло отколку на историски паметник?    

„Жалосно е што сме сведоци на тоа дека одредени културни работници се деградираат како интелектуалци и се ставаат во функција на политиката“, истакна Оливија Пирузева Јанева, кандидат за советник на „Сојузот за иднината“. Таа порача, доколку реално, културните работници се загрижени за заштита на културното наследство, јавно да излезат и да го истакнат долгогодишниот проблем со Градска Библиотека, за кој проблем и министерката за култура се обврза да го реши но до ден денес ништо од тоа.

„Жално е 150.000 книжен фонд секој ден да пропаѓа и да скапува во пакети во бедните 150 метри2 простор во библиотеката, каде нема место ниту за самите вработени, а за книгите не станува збор. Жално е, и гревно е да пропаѓаат книги кои датираат од периодот на средниот век, книги кои го испишуваат идентитетот на нашиот народ, и кои имаат непроценливо богатство“.

petreskiКандидатот за градоначалник Александар Петрески, го покажа новиот формат на програмата. Рече дека тоа го направиле, како политичките противници би можеле со покрупни букви да прочитаат но и да видат што се дела, бидејќи во новиот формат имало и слики на делата.

„Па, веројатно со овие слики ќе се потсетат да ги најдат некои сокачиња во Велгошти, или во Лескоец, или на други места, кои сеуште не се доправени, или не се направени. Ама, додека стигнат до тие сокачиња, ќе поминат неколку километри асфалитирани, средени патишта, и токму јас, поради тие сокачиња, уличиња кои не се доправени, се кандидирав и по трет пат, а не се доправени, затоа што имавме опструкции. Не ни даваа кредит, не спречуваа во нашите активности. Меѓутоа, тоа е најмалата работа што во првите месеци од третиот мандат што ќе ја направам“.

Со оглед на тоа дека оваа недела имаше огромен број неосновани прозивки од страна на ДПМНЕ, како и голем број деманти од наша страна, бараме телевизиски дуел во кој реално ќе ги соочиме делата, направеното, програмите како и идните перцепции за Охрид, рече Блажески на денешниот прес.
Од здружената опозиција побараа соочувања помеѓу, кандидатите за градоначалници, Петрески и Бакрачески, носителите на советнички листи, Точкова и Стојаноски, како и меѓу портпаролите, Митровиќ и Блажески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top