Охрид мора да расчисти со непотизмот

Падот на Охрид се должи на група луѓе, кои работат за бизнис  интереси, а се дел од потесниот круг на раководството на СДСМ, обвини денес Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
Mitrovic
Митровиќ

Само навреди, лаги и закани слушаме кон и за противничкиот блок, изминативе 8 години од креаторите на програмата на охридските социјалдемократи. Падот на Охрид му го препишуваме на луѓето познати по тоа што програмата ја адаптирале во интерес нa еден потесен круг на луѓе, дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид, кажа Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Додаде дека Охрид мора да расчисти со непотизмот.

„Градоначалникот  Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки која што требаше да спроведе постапка за улично осветлување во градот Охрид. Овој чин остана запаметен по славната изјава на Петрески: Ќе го поставам , брат ми е најдобро ќе ме чува? Што и од што требаше да го чува?  Оваа постапка беше спречена со  иницијатива до Антикорупциската комисија“.

mitrovicКако уште еден симптоматичен случај на непотизам, Митровиќ ја спомна и охридската фамилија Рилковци.

„Друг пример за непотизам преставува и фамилијата Рилковски во која што синот Наум Рилковски е директор на охридската Гимназија, таткото Никола Рилковски има висока функција во Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и е поранешен пратеник на СДСМ ,а зетот Боро Шаин е директор на Јавното претпријатие „Билјани извори“. Во кое поглавје  од нивната Зоки Поки програма се опишани овие настани?

Митровиќ не испушти да обвини дека и членови на поранешни и сегашни високи функционери на СДСМ од Охрид се вработени во Јавните претпријатија или во општината, како што е тоа сопругата на координаторот на советничкта група на СДСМ, како и синови и ќерки на советниците од мнозинството и ќерки на директори на Јавни претпријатија. А згора на се според Митровиќ, посебно поглавје во програмата на СДСМ има компанијата ПУПЕ,  која што е во сопственост на близок роднина на Бранко Црвенковски, на која и се доделуваат најголем дел од тендерите кои одат преку локалната самоуправа за патнички превоз.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top