Социјална правда и еднакви можности за сите – приоритет на ДОМ

Носителот на листата на партијата ДОМ, Летка Филипова на денешната прес конференција ги изнесе нивните заложби како идни советници во интерес на охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
dom
dom

Носителот на листата на партијата ДОМ, Летка Филипова на денешната прес конференција ги изнесе нивните заложби како идни советници во интерес на охриѓани.  ДОМ како зелена партија од секогаш се борела за правата на жените , а и во  иднина  ќе продолжи со економско јанење на жената и нејзината независност. Нивен приоритет  е и социјална правда и еднакви можности за сите граѓани. Во таа насока  се вклучуваат социјалната заштита и доследно почитување на човековите права.  
dom
„Еден од  бројните наши проекти е фомирање на сектор за социјална политика и труд. Идејата е да се зајакне општинскиот институционален капацитет за справување со социјалните проблеми. Формирање на општински фонд за социјална помош наменет за социјално загрозените и маргинализирани групи. Средствата од овој фонд  ќе се обезбедуваат од општинскиот буџет, како и од донации на граѓани и здруженија“, напоменува Филипова.  

Шефот на изборниот штаб на ДОМ, Драги Танески е задоволен од досегашниот тек на изборниот процес. Имаме поддршка од граѓаните и од секојдневниот контакт од прва рака ги дознаваме нивните потреби, нагласува Танески.

„Од досега обработените податоци од терен имаме обезбедено влез за 2-ца советници, а оваа недела ќе се потрудиме и за повеќе. Нашите советници во идниот состав на Советот ќе се залагаат за решавање на прблемите на граѓаните, како што се бесплатни паркинг места и изградба на Старски дом“.   

Во изборната програма на ДОМ е зацртан и ден на солидарноста. Млади волонтери ќе бидат вклучени во организирано помагање  на стари и изнемоштени сограѓани.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top