Од полноќ започна изборната кампања а пријавувањето на листите на кандидати е продолжено до 8 март.
Хотелиерите на охридско-струшкото крајбрежје многу малку инвестираат во своите капацитети поради што домашните гости се повеќе одморот го минуваат во странство сметаат од Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија сметаат. Од ХОТАМ го негираат тоа велејќи дека целиот профит го инвестираат во нови содржини во хотелските капацитети. Проблемот за намалениот број домашни гости го лоцираат на друго место.
Струшките угостители стравуваат дека се надѕира пропадната туристичка сезона.
Охридските ракометари на гости во ОУ „Христо Узунов“. Спортскиот дух го исполни амбиентот во ова училиште, а ракометарите со порака, Спортувајте, натпреварувајте се и другарувајте, компјутерите и телефоните оставете ги дома.
Рускиот тенисер Николај Давиденко е победник на големиот АТП Мастерс 1000 турнир во Шангај, на кој го понесе статусот шести носител.
Не е вистина дека состојката трометамин во вакцините на „Фајзер“ е штетна или дека е „лек за срцев удар“. Со додавањето на оваа состојка се продолжува животниот век на вакцината на „Фајзер“ откако таа ќе се одмрзне, правејќи ја достапна за складирање 10 недели пред да биде аплицирана, наместо досегашните 2 недели. Исто така, не е точно дека само вакцината за деца на „Фајзер“, има трометамин во својот состав, туку сите фајзерови вакцини против ковид, за сите возрасни групи, ја имаат оваа состојка.
Промоторите на Македонија, а посебно на Охрид, мора да ги говорат вистините за македонското културно – историско наследство. Охрид треба да се популаризира повеќе а туристичките водичи треба да се повеќе подготвени за да го презентираат градот, сметаат добрите познавачи на туристичкото стопанство.
Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да „престане“ музиката.
Од јавното претпријатие Билјанини Извори пак велат дека струја во салата има, а причината за немањето на електрична енергија во текот на вчерашниот ден се должело на оштетен доводен кабел при градежни зафати на тениските терени во кругот на спортскиот центар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град