Триумф на Давиденко на мастерс турнирот во Шангај

Рускиот тенисер Николај Давиденко е победник на големиот АТП Мастерс 1000 турнир во Шангај, на кој го понесе статусот шести носител.

 |  Крсте Голабовски  | 
Nikolaidavidenko
Николај Давиденко

Рускиот тенисер Николај Давиденко е победник на големиот АТП Мастерс 1000 турнир во Шангај, на кој го понесе статусот шести носител.

NikolaidavidenkoСо прекрасната игра осмиот играч во светот избори победа над Новак Џоковиќ во полуфиналето, а сето тоа го повтори и еден ден подоцна во одличниот финален меч против вториот тенисер во светот, шпанецот Рафаел Надал, кој го совлада со 7:6(3), 6:3.

Два часа и три минути одличен тенис поминаа во сигурната игра на русинот кој така дојде до третата победа во седум меча против поранешниот број еден во светот.

Давиденко имаше предност брејк во првиот сет (водство од 2:1), но му допушти на Надал да се врати во мечот (при резултат од 4:4), и прв да ја осигура тринаесеттата игра во која, сепак, не можеше да го прослави својот поен повеќе од три пати.

И покрај вкупните 38-те грешки (Надал 23), Давиденко многу добро изгледаше и во продолжението од играта. Го освои сервисот на шпанецот, поведе со 4:2, а потоа мирно го заврши мечот. Драмата на меч-топката, кога Надал повика „hawk-eye“ на својата сомнителна игра, малку го одложи славјето на русинот, но по видео-снимката се беше завршено.

По Куала Лумпур, Умаг и Хамбург, за русинот ова е четвртиот и најзначаен освоен турнир во годината. Вкупно стигна до бројката од 18 освоени турнири.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top