Kампањата започна

Од полноќ започна изборната кампања а пријавувањето на листите на кандидати е продолжено до 8 март.

lokalni
локални

Од полноќ започна изборната кампања а пријавувањето на листите на кандидати е продолжено до 8 март. откако опозицијата го прекина бојкотот и Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за градоначалници и советници.
Кампањата ќе трае до 22 март, на 23 март е изборниот молк, а локалните избори ќе се одржат на 24 март.

kutijaВо општина Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 50.686 граѓани.Во првично дадениот рок за поднесување кандидатури и советнички листи, 16- ти февруари, до ОИК беа поднесени 4 листи со кандидати за градоначалник на општина Охрид и 11 листи со кандидати за членови на советот на општина Охрид.
Колкава ќе биде вкупната бројка на учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши рокот кој вторпат се продолжува, на 8- ми март.

Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до 3 март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top