Денес во просториите на УНДП, министерката за локална самоуправа додели технички документации за четири нови проекти за развој на руралниот туризам. Меѓу нив се најде и општина Дебрца, покрај Чашка, Липково и Боговиње.
Прекрасна музичка разгледница со контрабас и пијано донесоа на „Охридско лето“ извонредните македонски уметници Ѓорѓи Цинциевски и Марија Вршкова вчеравечер, со нивниот концерт во црквата „Света Софија“.
Започна изградбата на современиот автобуски терминал во Охрид. Со тоа започнува ерата на реализација на ветените капитални објекти во градот, истакна градоначалнико Никола Бакрачески. Од транспортната компанија „Делфина Турс“истакнаа дека нивната цел е да станат регионален центар за одвивање на патничкиот сообраќај.
Учениците од спортската академија во Охрид два месеци не држат настава по три предмети. Родителите загрижено прашуваат како ќе се решава овој проблем. Од Локланата се оградуваат тврдејќи дека тие немаат никакви ингеренции околу функционирањето на овие паралелки.
Социјалните мрежи се сѐ почесто и поинтензивно под присмотра на властите
Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона.
Група на кинески научници од Шангај Универзитетот добија интересна идеја: Светилка која произведува сопствен Wi-Fi сигнал.
Несреќите на планина најчесто се случуваат поради недоволно познавање на опасностите. Од охридската единица за спасување во планина, предупредуваат до сите рекреативци вљубеници на планината, да се едуцираат, но и да носат соодветна планинарска опрема, а посебно да внимаваат на лавини.
Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,5 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град